АМЕРИКАНЦИТЕ ВЕЖБААТ НА ПЕТ КИЛОМЕТРИ ОД УКРАИНСКАТА ГРАНИЦА „Орлите што врескаат“ се распоредија во Романија
Командантите на „Oрлите кои врескаат“ за Си-Би-Ес велат дека секогаш се „подготвени за борба“ и дека се таму за да ја бранат територијата на НАТО, доколку борбите ескалираат и дека ако се случи каков било напад врз НАТО, тие се целосно подготвени да ја преминат границата со Украина.
За прв пат по речиси 80 години 101-та воздушно-десантна дивизија на американската армија се распореди во Романија, на пет километри од границата со Украина, јавува Си-Би-Ес Њуз. Лесната пешадиска единица, наречена „Орли што врескаат“, е обучена да се распореди на кое било бојно поле во светот за неколку часа, подготвена за борба.
Една од најелитните американски дивизии за воздушни напади пристигнаа поради руските планови да се освојат Одеса и Миколаев, пристаништни градови без кои Украина ќе остане целосно отсечена од Црното Море.
For the first time in 80 years, the U.S. has moved and deployed in #Europe the elite 101st Airborne Division “Screaming Eagles,” consisting of 4,700 troops
The division was deployed in #Romania a few kilometers from the border with #Ukraine. pic.twitter.com/OOfROMwwem
— NEXTA (@nexta_tv) October 22, 2022
– Подготвени сме да ја одбраниме секоја педа од почвата на НАТО – изјави генералот на бригадата, Џон Лубас, за Си-Би-Ес Њуз.
Американските и романските трупи вежбаат заедно. Вежбата имаше за цел да ги симулира секојдневните битки што украинските сили ги водат против руските трупи, веднаш преку границата. Воените вежби се јасна порака до Русија и американските сојузници во НАТО дека американската војска е „тука“.
Вкупно 4.700 војници од домашната база на 101. Воздухопловно во Форт Кембел, Кентаки, се распоредени за зајакнување на источното крило на НАТО. Од нивна гледна точка, тие „внимателно ги набљудуваа“ руските сили, „изградија цели за вежбање“ и спроведоа вежби што „точно го повторуваат она што се случува“ во војната.
Командантите на „Screaming Eagle“за Си-Би-Ес велат дека секогаш се „подготвени за борба“ и дека се таму за да ја бранат територијата на НАТО, доколку борбите ескалираат и дека ако се случи каков било напад врз НАТО, тие се целосно подготвени да ја преминат границата со Украина.