АМЕРИКА ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ ДО 2040 ГОДИНА? Експертите најавуваат граѓанска војна и немири

Секој втор кој гласал за Трамп и четири од десет Американци кој гласале за Бајден сакаат поделба на „црвени“ и „сини“ републики. Новата граѓанска форма ќе се јави во форма на крвави немири во кои можно е полицијата да фати страна наместо да ги штити граѓаните. До 2040 година, бројот на Афроамериканци во власта ќе биде толку голем, што неизбежно е конзервативните белци да сакаат преку насилство да ја задржат, сметаат видни експерти.

1,261

Поделба на САД на „републикански“ и „демократски“ републики, односно на север и југ како во некогашната граѓанска војна може да се случи до 2040 година, велат експертите, а до тогаш Афроамериканците ќе ги има во толку голем број во власта, што конфликтот ќе биде неизбежен за конзервативните белци кои ќе сакаат да ја задржат. Вака размислува Марк Кац, професор на Универзитетот Џорџ Мејсон, но и негови колеги од Њујорк Тајмс, Блумберг, Вашингтон Пост

– Губењето на територијата, како и падот на владата, може да ја намали, па дури и да ја лиши земјата (САД) од способноста да дејствува како голема сила. Она што останува може да биде подредено на други земји – смета Кац, мислејќи на Русија и на Кина.

Најавата за нова, граѓанска војна експертите ја правдаат со една позната анкета меѓу граѓаните. Секој втор Американец кој гласал за поранешниот претседател Доналд Трамп, односно 52 отсто од испитаниците сакале да формираат посебна „Републиканска држава“, а ова го мислат и 41 отсто од оние кои гласале за актуелниот Џо Бајден. Вака Мајк Хејстинг од Блумберг напиша во своја колумна, додека за Вашингтон Пост војната за распад би се случила многу порано – уште во 2024 година.

Една година по владеењето на Џо Бајден и насилното влегување во Капитол на 6 јануари, страстите во Америка ни малку не се смирени, пишува Гардијан.

– Во овој момент, ние мора да одлучиме Каква нација ќе бидеме? Дали ќе бидеме нација која го прифаќа политичкото насилство како норма? – рече Бајден во Холот на статуите, просторијата каде лани се насобраа бунтовниците.

Супер-фракција на белците во белата Републиканска партија

Култот на Трамп е подоминантен во Републиканската партија од кога било. За Барбара Волтер, политиколог од Универзитетот во Калифорнија, владата на Трамп беше анократија, преод од демократска во автократска влада.

– До изборите во 2020 година, 90 отсто од Републиканската партија станаа само белци. Ако ова го видевме во некоја друга мултиетничка, мултирелигиозна земја која се заснова на двопартиски систем, тогаш би го нарекле супер фракција, а супер фракциите се особено опасни – изјави таа за Обзервер.

Герилска војна на улица и мали бели енклави

Сепак, ниту најмрачниот песимист не предвидува повторување на граѓанската војна од 1861 до 1865 година со сина армија и црвена армија кои бијат битки. Барбара смета дека сè ќе се сведе на улични битки.

– Тоа повеќе би личело на Северна Ирска и на она што го доживеа Британија, каде што повеќе беше бунт. Веројатно би било подецентрализирано од Северна Ирска бидејќи имаме толку голема земја и има толку многу милиции низ целата земја – вели таа и додава:

– Тие би се насочиле кон неконвенционални тактики, особено тероризам, можеби дури и малку герилска војна, каде што ќе целат на федерални згради, синагоги, места со голема толпа. Стратегијата би била заплашување и заплашување на американската јавност да верува дека федералната влада не е способна да се грижи за нив.

Полицијата ќе помогне да се разгори војната

Заговорот за киднапирање на Гретчен Витмер, демократската гувернерка на Мичиген во 2020 година, е добар знак за работите што доаѓаат. Спорер Барбара, ова сугерира дека опозициските фигури, па дури и умерените републиканци и судиите кои се сметаат за несимпатични може да станат цели на атентати.

– Исто така, би можела да замислам ситуации кога милициите, заедно со органите на прогонот во тие области, создаваат мали бели енклави во областите каде што тоа е можно поради начинот на кој моќта е поделена овде во Соединетите држави. Сигурно нема да личи на граѓанската војна што се случи во 1860-тите – вели таа.

Фото: МИА

Секој може да купи пиштол во Америка

Додека светот е зафатен со ситуацијата во Украина или можната војна во Тајван, во САД секој може да купи оружје за сопствена заштита. А можеби и за да отпочне нова војна.

– Се разбира, во Америка не помага тоа што пушките се распространети. Секој може да добие пиштол и вие веќе имате готов пристап до експлозиви. Сето ова ја предизвикува несигурната положба во која се наоѓаме сега – вели Лари Џејкобс од Универзитетот во Минесота.

И тој, како неговата колешка Барбара, најавува „расфрлани терористички напади“ по моделот на Северна Ирска.

– Моделот на Северна Ирска е оној од кој искрено најмногу се плашиме бидејќи не е потребен огромен број луѓе за да го направат тоа и во моментов има високо мотивирани, добро вооружени групи. Прашањето е дали ФБИ доволно се инфилтрирал во нив за да може да ги нокаутира пред да започнат кампања на терор? – вели Лери.

Тоа кај нас не може да се случи

Но, ништо не е неизбежно. А сепак, толку блиску. Во многу држави кои се распаднале луѓето биле на мислата дека „тоа кај нас не може да се случи“, смета Барбара Волтер, која интервјуирала многу преживеани од граѓански војни низ целиот свет.

– Она што сите го кажаа, без разлика дали беа во Багдад, Сараево или во Киев, беше дека „не увидовме дека ова ќе нè снајде. Всушност, не бевме подготвени да прифатиме дека нешто не е во ред додека не слушнавме пукање од митралез на ридот. И тогаш веќе беше доцна – раскажува Барбара.

Поврзани содржини