АЛКОХОЛОТ ГО ОШТЕТУВА МОЗОКОТ Лекар советува на која возраст треба трајно да се престане со пијанчење

Неврологот Ричард Рестак ја образложува врската меѓу алкохолот и можноста за појава на деменција и други мозочни заболувања.

402

Многумина повремено уживаат во алкохолни пијалоци. Но, некои луѓе често знаат и да претераат, што не е добро за нивното целокупно здравје. Неврологот и невропсихијатар Ричард Рестак открива на која возраст доба треба трајно да се престане со алкохол.

Во својата книга „Како да се спречи деменција“, неврологот ја образложува врската меѓу алкохолот и можноста за појава на одредени болести. Тој вели дека алкохолот е „директен невротоксин“, што значи дека редовното пиење големи количини алкохол може да биде штетно за мозокот, а оттука и за другите органи.






– Запрашајте се: „Зошто пијам?“ Ако одговорот е: „Алкохолот ми помага да си го подигнам расположението и да ја намалам анксиозноста“, можеби сте изложени на опасност и веројатно е најдобро да престанете целосно со алкохолот – објаснува д-р Рестак.

Тој советива дека луѓето по навршувањето на 65 година треба целосно да се откажат од алкохолот.

– На таа возраст вашиот мозок веројатно веќе консумирал алкохол колку што му е потребно на вашето тело. Кога алкохолот го оштетува мозокот, тоа влијае и на агилноста на телото, а тогаш е поголема и опасноста од пад – појаснува доктор Рестак.

Стапката на смртност од пад е во раст – особено кај повозрасните мажи. Пиењето може да биде особено опасно за оние луѓе кои веќе се погодени од мускулна атрофија, проблеми со рамнотежата или користат одредени лекови.

Поврзани содржини