АЛЕРГИЧНИ СТЕ НА ГЛУТЕН? Не мора да се откажете од леб и од слатки!
Поради вашата пречувствителност на глутен, пченичното, ’ржаното, пировото и јачменовото брашно, веќе долго не се на вашиот список на посакувани намирници? Ова во никој случај не значи дека треба сосема да се откажете од убав леб, кекси и десерти!
Храната што содржи глутен предизвикува многу проблеми кај луѓето кои се чувствителни или алергични на него.
Некои од симптомите на интолеранција се: мигрена, хроничен замор, болки во зглобовите, дигестивни проблеми.
Доколку сте и вие меѓу оние кои не поднесуваат глутен, треба да заборавите на пченичното, ’ржаното, пировото и јачменовото брашно, но тоа во никој случај не значи дека треба сосема да се откажете од убаво лепче, кекси или колачи!
За среќа, постојат намирници кои можете слободно да ги консумирате доколку имате интолеранција на глутен и со нив можете да подготвувате безглутенска храна.
Ориз, кокос, тапиока, наут, лешници и бадеми се само дел од природната храна без глутен што лесно може да се претвори во вкусно и здраво брашно.
Постојат и безглутенски брашна кои се добиваат од житарки, како што се амарант, киноа, тефа, кафеав и бел ориз, овес.
Некои безглутенски брашна се прават со мелење јаткасто овошје, како бадеми, лешници и индиски ореви.
На сите оние кои се чувствителни на глутен, им се препорачува и брашно од мешунки, како што се наут и соја.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.