АКО ВАШЕТО ДЕТЕ Е ВЕГЕТАРИЈАНЕЦ, ИМА ПОГОЛЕМА ШАНСА ЗА НЕИСХРАНЕТОСТ Истражување за разликите меѓу децата што јадат и оние што не јадат месо

Во однос на висината и другите нутритивни мерки, децата вегетаријанци и децата кои не се вегетаријанци се слични, покажало неодамнешното истражување. Меѓутоа, децата кои не јаделе месо имале поголеми шанси да бидат со недоволна тежина

191

Ако се прашувате дали вегетаријанската исхрана е здрава за вашето дете и какви здравствени разлики може да донесе во споредба со оние деца кои јадат месо, новата студија покажува што точно ве интересира – единствената разлика е поголема шанса за неисхранетост.

Една неодамна објавена студија опфатила речиси девет илјади деца на возраст од само шест месеци до осум години и ги следела нивните навики во исхраната. Секоја проверка вклучувала индекс на телесна маса, нивоа на холестерол, триглицериди, витамин Д и нивоа на железо во крвта. На почетокот на студијата, 248 деца биле вегетаријанци (вклучувајќи 25 вегани), а до крајот, станале вегетаријанци и други 338.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини