АКО СТЕ ВО МЕНОПАУЗА ПОВЕЛЕТЕ НА ГАК Бесплатни прегледи и консултации на пациентки на клиниката за гинекологија во Скопје
По повод Светскиот ден на менопаузата -18 Октомври, од денеска до 21 октомври на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје ќе се организира недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза.
Како што информираат од Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, по повод Светскиот ден на менопаузата -18 Октомври, од денеска до 21 октомври на ГАК ќе се организира недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза.
Целта на Светскиот ден на менопаузата е да се подигне свеста за оваа фаза од животот и да се промовира одржување на женското здравје и благосостојба.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.