АКО САКАШ ДА УМРЕШ, ОМАЖИ СЕ СО ИВАН ГРОЗНИ Како сопругите на страшниот руски цар „заборавале“ да дишат?

Иван Грозни бил склон на напади на без и на параноја. Во еден свој таков напад ја претепал својата бремена снаа, затоа што сметал дека несодветно била облечена. Толку многу ја истепал што жената го загубила детето што го носела во утробата.

918

Приказните за Иван Грозни не можат да се раскажуваат без да се спомнат несреќните судбини на неговите сопруги.

Рускиот цар во текот на своето владеење имал дури осум жени или „царици“. Но, животите на некои од тие жени развршувале многу рано или под неразјаснети околности, иако не постојат докази за тоа дали Иван е одговорен за нивната смрт.






Иван Грозни бил склон на напади на без и на параноја. Во еден свој таков напад ја претепал својата бремена снаа, затоа што сметал дека несодветно била облечена. Толку многу ја истепал што жената го загубила детето што го носела во утробата.

После тоа, следувала кавга и со синот, кој инаку бил еден од ретките кој можел да разговара со царот. За време на расправијата, Иван го удрил својот син со стап по главата и момчето починало по неколку дена.

Животот на Иван Грозни е тема сама за себе, несреќите кои го следеле насекаде, несреќите за кои бил самиот причина, неговата параноја…

Сепак, неизоставен дел од биографијата се и неговите сопруги:

Анастасија Романовна (царица од 1547 до 1560), отруена 

Анастасија Романовна била доведена во Кремљ заедно со дури 1.500 други потенцијални невести. Благородници од цела Русија ги донеле своите ќерки, но Иван ја одбрал Анастасија.

Се венчале во 1547 година. Анастасија родила шест деца пред да умре во 1560 година.

Пред да почине, некое време била болна, а Иван се сомневал дека ја отруле руските благородници (бојари), па неколкумина биле мачени и убивани без судење.

Неодамнешни форензички докази сугерираат дека Анастасија била отруена со жива, иако овој елемент се користел и за лекување на неколку болести.

Останало забележано дека Анастасија го смирувала Иван, а по неговата смрт неговата параноја се зголемила.

Марија Темрјуковна (царица од 1561 до 1569 година), отруена

По смртта на првата жена, Иван се запознал со ќерката на муслиманскиот принц, Марија Темрјуковна. Воодушевен од нејзината убавина, со неа се оженил во 1561 година.

Меѓутоа, подоцна сфатил дека Марија била злобна жена. Била многу лоша маќеа и не сакала да се интегрира во московската култура, а многумина ја сметале за вештерка. Починала во 1569 година на свои 25 години. Умрела од труење, наводно по наредба од Иван.

Меѓутоа, и поради оваа смрт тој наредил да се погубат многу благородници.

Марфа Васиљевна Собакина (царица во 1571 година), отруена

По смртта на Марија, Иван започнал еден исцрпен процес на селекција со цел да си пронајде трета жена. Марфа Васиљевна Собакина била избрана од вкупно 12 финалистки. Но, веднаш се случила трагедија.

Марфа починала од чудна болест, а се претпоставувало дека нејзината мајка несвесно ја отрула со „еликсир на плодноста“.

Поради тоа што со неа се оженил само неколку дена пред да настапи смртта, малку веројатно е дека Иван бил одговорен за нејзината смрт, но неговата параноја тогаш дошла до точка на пукање.

Тој убил многумина од своите слуги бидејќи се сомневал дека тие ја отруле царицата, додека, пак, братот на својата претходна сопруга го набил на колец.

Ана Алексејева Котловскаја (царица од 1572 до 1574 година), замонашена

Црквата не дозволувала четврт брак. И покрај тоа што Иван тврдел дека краткиот брак со Марфа не треба да се смета за брак, сепак црквата не попуштала.

Со Ана Колтовскаја се оженил без црковен благослов во 1572 година.

Царицата не можела да забремени, а Иван станал нетрпелив. По две години брак ја испратил во манастир и ја натерал да се замонаши.

Ана го надживеала царот.

Ана Василчикова (царица од 1575 до 1577 година), затворена и убиена

За петтата сопруга на Иван Грозни се знаат многу малку работи. Ана Василчикова станала руска царица во 1575 година без благослов од црквата.

Како и претходната сопруга на Иван, така и таа две години подоцна била испратена да живее во манастир како монахиња.

Се верува дека доживеала насилна смрт, веројатно по наредба на Иван.

Василиса Мелентјева (царица во 1579 година), замонашена

Василиса Мелентјева била вдовица, а нејзиниот сопруг бил принц кој загинал во војна. Иван бил воодушевен од нејзината љубезност и убавина, па во 1579 година се оженил со неа.

Меѓутоа, несреќата со сопругите продолжила да го следи. Во рок од неколку месеци тој открил дека Василиса има љубовна афера со некој друг принц.

За казна, Иван ја натерал Василиса да гледа како нејзиниот љубовник се набива на колец, а таа била испратена да живее во манастир каде шти умрела по една година.

Марија Долгорукаја (царица во 1580 година), убиена

Во 1580 година Иван Грозни се оженил со својата седма жена Марија Долгорукаја. Наводно, таа била далечен потомок на киевскиот кнез Јуриј, еден од основачите на Москва.

Дворецот никогаш не ја признал Марија за законска сопруга на Иван Грозни, а некои историчари тврдат дека таа никогаш не ни постоела.

Меѓутоа, постои приказна која вели дека и таа имала љубовник и дека истата година била убиена по наредба на Иван.

Не се знае каде е нејзиното вечно почивалиште.

Марија Нагаја (царица од 1581 до 1584 година), природна смрт

Три години пред својата смрт, Иван Грозни се оженил и по осми пат. Марија Нагаја му родила дете, Дмитриј.

По смртта на Иван, Марија со својот син била протерана од дворецот. Дмитриј починал под неразјаснети околности.

Марија тогаш била обвинета за немарност и била одведена да живее како монахиња. Меѓутоа, по некое време Марија добила можност да се спогоди. Пуштена била за да го препознае својот син, кој наводно не бил мртов.

По помалку од една година, лажниот Дмитриј бил убиен од разгневена толпа. Марија тогаш се откажала од него. Починала во 1608 година од природна смрт.

Поврзани содржини