АКО ОВДЕ ВИ Е ЛАДНО Запознајте го градот кој живее и на -72 степени (ВИДЕО)

Ојмјакон се наоѓа блиску до поларниот круг и времетраењето на денот варира од 3 часа во декември до 21 час во текот на краткото сибирско лето, кога ноќите се „бели“ и е светло речиси преку целото деноноќие.

305

Дали сте слушнале за градот Ојмјакон? Па, би требало. Ова мало место сместено во сибирска тундра и официјално е најстуденото населено место на планетата. 

Просечната температура во Ојмјакон во зима паѓа и до неверојатни минус 50 степени Целзиусови. Просек!
Градот се наоѓа во источниот дел на Јакутија и брои 521 жител.







Ојмјакон се наоѓа блиску до поларниот круг и времетраењето на денот варира од 3 часа во декември до 21 час во текот на краткото сибирско лето, кога ноќите се „бели“ и е светло речиси преку целото деноноќие. Градот се наоѓа на околу 750 метри надморска височина.

Ојмјакон е оддалечен од главниот град Јакутск два дена возење.

Иронично, зборот „Oymyakon“ значи вода што не замрзнува, поради блискиот извор на топла вода каде што се собираат диви животни.

Инаку, најниската температура досега регистрирана во Ојмјакон е минус 71,2 степени.

Поврзани содржини