АКО НЕ УЧИШ, ЌЕ БЕРЕШ ЛОТОСИ! Кинез ја натерал 11-годишната ќерка да бере лотоси за да види што ќе ѝ се случи ако не учи

Татко од кинеската провинција Хубеи ја принудил својата 11-годишна ќерка да бере лотоси на жештина четири часа за да ѝ покаже што ќе ѝ се случи ако не го заврши училиштето

357

За да ѝ покаже на својата 11-годишна ќерка како напуштањето на училиштето може да влијае на нејзината иднина, татко од кинеската провинција Хубеи ја принудил четири часа да бере лотоси на жештина.

Таткото на девојчето, чие презиме е Је, објаснил дека неговата ќерка почнала да станува незаинтересирана за училиштето, а нејзината наставничка му рекла дека таа не сака повеќе да оди на училиште. Затоа тој ја однел на полето со лотоси, каде што работи нејзиниот дедо. Ја принудил да бере лотоси, со корени, што резултирало со изгореници од сонце. Во видеото објавено на кинеската социјална мрежа Weibou, ќерката на Је плаче и ги брише солзите со својата маица.






„Брзо соблечи ги чевлите и влези во вода. Ако не сакаш да одиш на училиште, мора да се соочиш со реалноста на животот”, ѝ вели нејзиниот татко.

Повеќе за ова и видеото ќе ги најдете на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини