АКО НЕ МОЖЕ СО УБАВО, ТОГАШ СО ЗАКОН! Флорида е на чекор до забрана на социјалните мрежи за помлади од 16 години

Ако овој закон навистина биде усвоен, тоа ќе биде најстрогата регулатива поврзана со социјалните медиуми и децата во САД, а ќе се осмелиме да кажеме и надвор од Америка. Постојат големи шанси дека така и ќе биде!

476

Веројатно веќе на сите им е преку глава кога ќе видат текст за социјалните мрежи во контекст на децата. Сепак, тоа е најмногу што можеме да направиме во врска со ова прашање. Најчесто се останува како што е, колку и да гледаме и да разбираме дека не е добро децата да се изложуваат на тоа.

Но, во Флорида одлучиле да направат нешто во врска со тоа и тоа не што било, туку можеби најодлучниот и најстрог чекор – сакаат да ги забранат социјалните мрежи за сите помлади од 16 години, без оглед на одобрението од родителите.






И не, тоа не е само идеја, туку предлогот за тој закон е веќе одобрен во Претставничкиот дом, а сега оди на разгледување пред Сенатот.

Повеќе за ова на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини