Рибочувар затекнува риболовец со куп пастрмки, штотуку уловени, уште живи претаат во чуварката.
– Што е ова? Од каде овие риби во твојата чуварка? – прашува налутениот рибочувар.
– Мои се! – спремно одговара риболовецот.
– Како мислиш, твои се?! – вреска рибочуварот. – Во оваа река риболовот е забранет и затоа ќе ти пишам огромна казна!
– Ама мои се, од дома ми се – упорен е риболовецот.
– Aко се твои, што бараат тогаш во твојата чуварка, тука, покрај рекава?
– Секој ден ги носам тука на прошетка. Ги пуштам во водата, ќе се прошетаат малку, ќе им свирнам и тие ќе се вратат.
– Ти си нашол од мене да правиш будала… Е ајде, баш да видам, пушти ги рибите во водата да се прошетаат.
Риболовецот внимателно ги вади рибите една по една и ги пушта во водата. Тие веднаш исчезнуваат во длабочината.
– Ајде сега, свирни им, викни ги да се вратат! – заповеда чуварот.
– Кому да свирнам? Кој да се врати?
– Па, рибите!
– Кои риби?