📷 АКО НЕ ГО ПОСЕТИШ ДЕДО, НЕМА ЏЕПАРЛАК ОД 580.000 ЕВРА Разочаран старец им оставил само по 60 евра на внуките
Во тестаментот ги отфрлил петте ќерки на својот починат син и им рекол на своите адвокати дека е вознемирен што не го посетиле откако трипати бил хоспитализиран поради проблеми со белите дробови.
Разочаран дедо, вознемирен бидејќи петте внуки не го посетувале често додека бил жив, со право во тестаментот им оставил само по 60 евра на секоја, пресудил судија.
Извесен Фредерик Ворд Постариот предизвикал семејна расправија по смртта во 2020 година, кога го оставил речиси целото свое богатство од 580.000 евра, вклучувајќи и стан од 525.000 евра, само на своите ќерка и син Тери Ворд и Сузан Вилтшир.
Во тестаментот тој ги отфрлил петте ќерки на својот починат син Фред Јуниор и им рекол на своите адвокати дека е вознемирен затоа што внуките не го посетиле откако трипати бил хоспитализиран поради проблеми со белите дробови.
Судијата Џејмс Брајтвел пресудил дека тестаментот од 2018 година е сосема разумен, додавајќи дека внуките имале многу ограничени контакти со дедо им.
Според сестрите, тестаментот од 2018 година не важи и нивните чичко и тетка неоправдано му влијаеле на дедото да го промени тестаментот. Меѓутоа, судијата рекол дека доказите не го убедиле во нивните тврдења.
Фредерик претходно направил тестамент, во кој богатството им го поделил на своите 3 деца.
Меѓутоа, Фред Јуниор починал во 2015 година пред татко му, па семејството се скарало и дедото ретко си ги гледал внуките. Тие оделе само на кратки посети на дедо им, додека, пак, тој бил во блиски односи со син му Тери и со ќерка му Сузан.
Чичкото Тери на секоја ѝ врачил плико во кое имало 60 евра во кеш.