АКО НАУЧИШ ДА ГОТВИШ, ШТО ЌЕ СУМ ТИ ЈАС ПОСЛЕ? Како родителската сепарациска анксиозност создава зависни деца
Нерешената сепарациска анксиозност од нивните родители се пренесува на децата, па возрасните луѓе зависат од своите деца, правејќи ги нив зависни од себе и несамостојни за живот.
Кога родителот го прави она што детето може да го направи само или со негова помош, тој не му ги пренесува функциите неопходни за самостоен живот, го онеспособува и затоа (најчесто несвесно) го прави зависен од себе – од своите финансии, ако, на пример, таткото не му го пренесува својот занает на синот, не го вклучува во своите активности или го вклучува, ама постојано вербално и невербално му кажува дека е неспособен, зелен, лигав, детиште, го исмејува, се натпреварува, постојано истакнува како има повеќе искуство од него и низ што поминал во животот.
Или мајка која не ја учи ќерка си да готви и ѝ вели дека ѝ е полесно сама, да не се меша, дека не знае, дека е неспособна, дека ќе се изгори. ќе се повреди…
Тие се стереотипни примери, но во практиката и натаму се најчести.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.