АКО ИМАТЕ НАВИКА ДА ПУШИТЕ ДОМА, ЌЕ СТРАДААТ И ВАШИТЕ ДЕЦА Што открива новото истражување?
Пасивното пушење влијае врз здравјето на децата кои живеат во домови каде што се пуши, до толку што семејствата би можеле да го намалат отсуството на нивните деца од училиште за 24 до 34 отсто доколку пушењето се елиминира од домот.
Новото истражување открива дека децата изложени на пасивно пушење дома се разболуваат и го пропуштаат училиштето почесто од децата кои живеат во домови каде што нема пушачи, пренесува CNN. Имено, истражувањето сугерира дека семејствата би можеле да го намалат отсуството на нивните деца од училиште за 24 до 34 отсто доколку пушењето се елиминира од домот.
Според истражувањето, околу една третина од децата во САД живеат со пушач, а меѓу децата на возраст од три до 11 години, најмалку 56 проценти имаат забележливи нивоа на хемикалија наречена серумски котинин, што е показател за изложеност на чад од тутун. Котининот е разградување на никотинот и може да се мери со анализа на нивото во крвта, урината или плунката.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.