АКО ИМАТЕ ДОМАШНИ ЈАГОДИ, НЕ ГИ ФРЛАЈТЕ ПЕТЕЛКИТЕ Зелените ливчиња ги содржат истите микронутриенти како и плодовите
Следниот пат кога ќе берете јагоди, задолжително зачувајте ги стебленцата и ставете ги да се исушат. Од сечканите и исушени стебленца можете да подготвите здрав чај, кој може да ви помогне не само во превенцијата туку и во лекувањето на разни болести.
Во пролет со задоволство јадеме јагоди, но повеќето од нас ги фрлаат петелките. Дали знаевте дека се тие исто толку здрави колку и плодовите?
Петелките, исто како и листовитее на јагодите, содржат повеќе витамин Ц отколку што има во самите плодови. Покрај тоа, тие ги содржат истите микронутриенти како овошјето.
Богати се со витамини и антиоксиданти, како и со други исклучително здрави растителни компоненти, како што се флавоноидите, кои се познати по своите антиинфламаторни својства.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.