АКО ИМАТЕ БЕБЕ ИЛИ МАЛО ДЕТЕ ВО ЈАПОНИЈА МОЖЕТЕ ДА ГО ВРАБОТИТЕ Дом за стари лица нуди работа за бебиња и деца до 3 години

Единствен услов за идните вработени е секогаш да бидат присутни законските старатели. Меѓутоа, нема работно време. Бебињата можат да доаѓаат и да си одат како што сакаат. А платата ќе ја добиваат во пелени, храна за бебиња, бесплатно фотографирање и ваучери за кафулиња.

543

Повеќето огласи за работа имаат слични барања од потенцијалните кандидати. Потребни се соодветни квалификации и професионално искуство. Но, огласот за работа за јапонскиот дом за стари лица Мојаи Сеијукаи е сосема поинаков од сѐ што сте слушнале досега.

Бебињата, велат во домот за стари лица, се добро друштво. Затоа се бараат деца на возраст од раѓање до три години, кои ќе предизвикаат насмевка на лицата на неговите жители и ќе ги развеселат.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини