АКО ИМАШ БЕНД, НЕКА БИДЕ ПИНК ФЛОЈД, АКО ИМАШ ФАРМА, ПРАВИ ОРИГИНАЛНИ СИРЕЊА Раштавски млечни експерименти
Кашкавал во листови од костен, сирење во листови од смоква и уште многу други авантури, згоди и незгоди, поточно, млечни експерименти, на Давид и неговите кози
Нашиот веќе долгогодишен пријател, младиот Давид Неделковски, кој е сега мега популарен благодарение на својата фарма „Кози, млеко, планина“, која е позната меѓу сладокусците по своите вкусни производи од козјо млеко, постојано изненадува со разни, како што ги нарекува самиот – раштавски млечни експерименти.
Последно што го забележавме како новитет на неговата ФБ страна, беше козјиот кашкавал во смоквини лисја, кој Давид го крстил Калеш Мара во листови од смоква, 5 месеци старо, кое како што се пофали, го „мавнал“ со густ мармалад од слива. Ова беше доволно да ја разбуди нашата љубопитност и да го прашавме Давид да ни раскаже за сите нивни раштавски млечни експерименти.
Повеќе за ова на порталот „АРТ КУЈНА“.