АКО ИМА ЖИВОТ, ЏУС ЌЕ ГО НАЈДЕ Европа ја лансира својата мисија на месечините на Јупитер

Леталото ќе прелета покрај Европа двапати, Ганимед 12 пати и Калисто 21 пат. Калисто ја има најстарата површина во Сончевиот систем и можеби поседува течен океан. Ако има океан, Џус ќе го најде.

445

ЕСА, европската НАСА денеска ќе го полета леталото Џус (JUICE) кое треба да открие дали има живот на некој од ледените океани, ако такви океани постојат, на некоја од ледените месечини кои кружат околу Јупитер. Во проектот учествуваат 13 земји од Европа, но и САД, Јапонија и Израел.

Настанот може да се следи во живо.






лансирањето на JUICE, фото: твитер/принтскрин

По цели 11 години работа на проектот Џус ќе треба да најде вистински органски „џус“ негде на Ганимед, Калисто и на месечината Еуропа…Ќе се трага по јаглерод, водород, кислород и азот, четирите елементи на животот, барем онаков карбонски, а не силиконски, каков што го знаеме.

За таа цел Џус ќе користи спектрометар, направа која ги мери фреквенциите на светлината преку тоа што ги прекршува низ призма. Слично како онаа призма на Исак Њутн со која тој направи „виножито“, но и до 10.000 пати посилна.

Леталото ќе прелета покрај Европа двапати, Ганимед 12 пати и Калисто 21 пат. Калисто ја има најстарата површина во Сончевиот систем и можеби поседува течен океан. Ако има океан, Џус ќе го најде.

Кога Џус конечно ќе влезе во орбитата околу примарна цел Ганимед, ќе стане првото вселенско летало кое орбитира околу месечината различна од нашата. Ганимед е најголемата месечина во Сончевиот систем и единствената со магнетно поле, па леталото таму ќе го посвети последниот дел од својата мисија.

Џус ќе се напојува помош на огромни соларни панели со површина од 85 метри квадратни. Тоа ќе има даде еден киловат моќ на мерните апарати, доволно за да функционираат.

По пат, Џус ќе мора да се бори со највисоките нивоа на радијација во Сончевиот систем. Покрај Венера температурите ќе достигнат и до 250 степени. Покрај Јупитер до -230. Ова значи дека неговите електронски модули треба да бидат сместени во шуплини заштитени со олово.

Истовремено покрај Јупитер во моментов кружи леталото Јуно на НАСА кое треба да ги прелета и Ганимед и Европа.

Потоа НАСА и ЕСА можат да ги споредат своите резултати.

Поврзани содржини