АКО И ВО ВАШИОТ ДОМ Е АКТУЕЛНО ТРЕСКАЊЕТО ВРАТИ … Како да му помогнете на тинејџерот во градење на независноста

Тинејџерите, од една страна некогаш може да се однесуваат како возрасни, но од друга страна се забележува потешкотија во контрола на импулсите, потешкотија во организација и планирање на времето, како и потешкотија во одредувањето на приоритети. Сето ова дополнително ги загрижува родителите и ја зголемува нивната потреба од контрола, која често наидува на огромен отпор манифестиран во разни форми од страна на тинејџерот.

74

Адолесценцијата е период кој е исполнет со огромни предизвици како за родителите, така и за самите адолесценти. Потрагата по независност го достигнува највисокиот интензитет во адолесценцијата кога се забележува огромната потреба на тинејџерите да го формираат својот идентитет кој ќе биде поразличен од оној на нивните родители.

Една од развојните задачи во оваа животна фаза е токму градењето на сопствен идентитет и диференцијацијата, што често знае да биде и еден од најголемите предизвици за самите родители.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини