АКО ГИ ВИДИТЕ ОВИЕ НЕШТА ВО ШОЛЈАТА ЗА КАФЕ, ЦРНО ВИ СЕ ПИШУВА Кус попис на најлошите симболи во талогот за гатање

Гатањето во кафе, или тасеографија, е традиционален метод на предвидување на иднината со помош на талогот кој останува на дното од шолјата по пиењето. Ако верувате во вакви глупости, еве да ви го збогатиме „филмот“.

328

Има ли такви коишто веруваат, или само се забавуваат, со гатање во талог од кафе?

Ако има, еве еден попис на најлошите симболи што можат да се појават на дното на шолјата:






Змија – симболизира измама, предавство или зло во блиската околина.

Нож – укажува на конфликти, караници или дури прекин на односи.

Пајак – се поврзува со манипулација и опасни мрежи на лаги.

Крст – значи товар, тешкотии или жалост што доаѓа.

Ножици – најавуваат прекин, разделба или загуба.

Волк – знак на лажен пријател или непријател во близина.

Дупка – претставува опасност, замка или неочекувани проблеми.

Меч – најава за караници меѓу љубовници.

Секира – тешки проблеми и пречки.

Пиштол – длабок раздор, караници, клевета и чувство на бес или страв.

Песочен часовник – непосредна опасност или чувство дека времето истекува.

Облаци – сериозни неволји и тага (ако облаците се опкружени со точки, неволјите се поврзани со пари; прстен опкружен со облаци е сигурен знак на несреќен брак).

Ковчег – најава на долга и тешка болест или смрт на сакана личност.

Череп – големи грижи, неуспех, загуба и опасност по животот.

Чајник – смрт.

Поврзани содржини