АКО Е НЕШТО ДОБРО ВО ИТАЛИЈА, ЗОШТО ДА НЕ БИДЕ И ВО МАКЕДОНИЈА! Македонскиот Италијанец Марко Прова ја направи во Охрид и првата македонска пица
За македонскиот Италијанец кој се врати во татковината и отвори пицерии во Охрид и Струга, Македонија може да биде прекрасно место за живот и за бизнис. Неодамна ја направи и оригиналната македонска пица, а за да биде неговата среќна приказна целосна, заслужна е жената во која е вљубен. Пејачката Анита Мицова која ја овековечи нивната семејна идила во музички спот, сега е целосно ангажирана во семејниот бизнис.
Кој пробал, знае. Можеби оттаму и прекарот кој на македонскиот Италијанец Марко Трајкоски му го дал неговиот близок другар во Италија – Прова или во оригинал – Prova, што на италијански значи „пробај“, а на англиски пак ова значење го има зборот Тray, што пак е прв дел од неговото презиме (Трајкоски). Е сега, дали прекарот на почеток бил само семантички, а подоцна се покажал и како добар опис на неговиот карактер, не знаеме, ама ете, нашиот соговорник Марко покажа дека не се плаши да пробува. Пробува и обично не греши.
Со неговата сопруга, нашата поп-пејачка Анита Мицова, се запознале на Фејсбук. Многу брзо, поточно, за околу една недела пробале да формираат семејство, па после успешната проба и после 7-8 години заеднички живот во Италија, пробале да се вратат во Македонија. Откако се вратиле, пробале да отворат пицерија, па отвориле две. Сега имаат две деца и две пицерии во кои шефува Марко, додека пак Анета која се повлекла од издавање на авторска музика, е целосно посветена и ангажирана со останатите обврски во пицериите, иако одвреме навреме и доколку има време, знае да закаже и некој музички настап.
А дека нивната прва „проба“ е сега вистинска семејна идила е овековечено и во музичкиот спот за песната на Анита, наречена соодветно на она што тие заедно го живеат, а тоа е едноставно – „Рај“.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.