АИ ГАТАЛЕЦ ВО ХОНГ КОНГ ПРЕДВИДУВА БУРА 4 ЧАСА ОДНАПРЕД! Метеоролозите можe да останат без работа

Системот ДДМС e дизајниран за предвидување на обилни дождови и екстремни врнежи. Системот ги освежувал прогнозите на секои 15 минути, а според податоците од тимот, точноста била подобрена за повеќе од 15 проценти во споредба со претходните методи.

486

Систем со вештачка интелигенција развиен во Хонг Конг почнал да ги чита сигналите од небото многу порано од досегашните модели. Наместо 20 минути или еден час, новиот модел предупредувал за бури и за обилни дождови до 4 часа однапред, временска разлика што може да значи спасени животи.

Развојот го водел тим од , кој го создаде системот наречен „DDMS“. Моделот користи вештачка интелигенција и сателитски податоци за рано откривање на формирање облаци што носат екстремни врнежи.






Вештачка интелигенција против екстремното време

Научниците објасниле дека системот бил создаден како одговор на зголемената зачестеност на екстремни временски појави поврзани со климатските промени. Целта била институциите да добијат повеќе време за реакција.

Професорот Су Хуи, кој го водел проектот, изјавил дека комбинацијата на вештачка интелигенција и сателитски набљудувања овозможила значително подобро прогнозирање на интензивни дождови и бури.

Ажурирање на секои 15 минути

„DDMS“ e дизајниран за предвидување на обилни дождови и екстремни врнежи. Системот ги освежувал прогнозите на секои 15 минути, а според податоците од тимот, точноста била подобрена за повеќе од 15 проценти во споредба со претходните методи.

Истражувањето e објавено во познатото американското научно списание PNAS (Proceedings of the National Academy of Sciences).

Клучен алат за Хонг Конг и Кина 

Системот бил развиен во соработка со метеоролошките власти на Кина и се очекува да има особено значење за Хонг Конг и за поширокиот регион. Проекциите укажуваат на натпросечен број тајфуни и обилни дождови во 2025 година.

Минатата година Хонг Конг го активирал највисокото предупредување за врнежи петпати, а второто највисоко 16 пати, ниво кое локалните власти го опишале како невидено.

Сателитот што гледа пред радарот

DDMS бил обучен со температурни податоци собрани меѓу 2018 и 2021 година од кинескиот метеоролошки сателит .

За разлика од радарските системи, сателитите можеле порано да детектираат формирање на облаци, што им дало клучна предност на алгоритмите за рано предупредување.

Поврзани содржини