АХИЛОВАТА ПЕТА НА УКРАИНЦИТЕ Зошто Змискиот остров им е толку битен на двете страни во војната?

Доколку трајно го окупира островот, Русија би можела да го блокира целиот извоз преку Одеса. На пример, милионите тони пченица или сончоглед, кои сега со голема тешкотија се транспортираат по копно, не би можеле да продолжат од Одеса кон Средоземното Море.

2,098

Мало островче во западниот дел од Црното Море е сцена на жестоки борби меѓу украинските и руските војници. Не е познато зошто овој карпест остров го нарекуваат Змиски, а на него живеат десетици луѓе, главно граничари. Според преданијата Ахил бил погребан овде веќе 200 години постои негово светилиште. Го посетувале научници. Сега островот доби предавател за мобилни телефони, пишува Б92.

На крајот на февруари годинава руската морнарица го нападна островот, речиси целосно ја уништи населбата и зароби тринаесет украински граничари. Претходно, еден од нив преку радио му рекол на рускиот воен брод: „Е*и се!“.






Таа снимена порака го обиколи светот. Дури Украинаците објавија поштенска марка со истата порака. Еве како изгледаше:

 

Сепак, оттогаш Русите го контролираат островот. Последните денови околу него повторно се водат жестоки борби. Наводно, украинската армија успеала да потопи еден руски десантен брод, а во четвртокот тешко оштетила еден логистички брод.

Се тврди дека Русите донеле противвоздушна одбрана на Змискиот остров. Колку и да е незабележлив, овој гол остров е важно стратешко место. Како прво, во Црното Море речиси и да нема острови. Второ, Змискиот остров, на околу двесте километри од Одеса, практично може да го контролира морскиот сообраќај околу тоа најголемо украинско пристаниште.

Доколку трајно го окупира островот, Русија би можела да го блокира целиот извоз преку Одеса. На пример, милионите тони пченица или сончоглед, кои сега со голема тешкотија се транспортираат по копно, не би можеле да продолжат од Одеса кон Средоземното Море.

 

Змискиот остров отсекогаш бил од стратешко значење. Уште во советско време тука имало воена база, па останале хелиодромот и двете платформи со кои можат да се закотват големи воени бродови. Наводно, таму има останато и муниција, гориво, радари и проектили.

Ова никогаш не можеше да се потврди бидејќи со децении островот беше забранета област која можеше да се користи само од војската. Карпата во Црното Море ѝ припаѓала на Романија до 1948 година, а потоа била донирана на големиот брат на СССР, Украина. Букурешт и Москва, а потоа Букурешт и Киев, секогаш се караа за островот.

Се претпоставува дека во овие води има важни ресурси. Украина го повлече својот потег со основањето на населбата Биле во 2007 година, а островот официјално доби жители. Колку е важно ова за руската армија покажува и фактот дека Змискиот остров беше една од првите цели на првиот ден од агресијата. Британските разузнавачки служби тврдат дека Москва сака да ги зајакне трупите на островот со крстаречки ракети и стратешка противвоздушна одбрана.

На долг рок, Русите сакаат да изградат писта за борбени авиони. Во последните денови Украинците се обидоа да ги попречат тие работи со серија напади со ракети и беспилотни летала. Сателитските снимки на американската компанија „Максар“ покажуваат дека покрај бродот, уништени се и најмалку еден руски хеликоптер и една батерија за противвоздушна одбрана.

Сепак, тешко дека украинската страна ќе го врати островот толку брзо. Сигурно е само дека жестоките борби ќе продолжат. Затоа што Киев не сака островот со Ахиловата гробница да стане Ахилова пета за југот на земјата.

Поврзани содржини