АХ, ТОА ЧАЈЧЕ СО РУМЧЕ, ЕДВАЈ ГО ДРЖЕВ СО СМРЗНАТИТЕ ПРСТИ Совршена фотографија од скопското лизгалиште ги врати скопјани во младоста (ФОТО)

Со над 500 лајкови за помалку од 3 часа и со над 30 коментари и 18 споделувања, фотографијата полека станува вирална на социјалните мрежи, а скопјани, кои се сеќаваат на тоа убаво време, не штедат на коментари за да се искажат колку само им била убава младоста.

1,054

Младост, лудост, безгрижност, смеа, радост. Овие пет работи први се забележуваат на фотографијата објавена на Фејбук групата „Стари скопјани“, а на која се прикажани стотина млади луѓе како лизгаат на скопското лизгалиште „Кале“ во 1970-те.

Со над 500 лајкови за помалку од 3 часа и со над 30 коментари и 18 споделувања, фотографијата полека станува вирална на социјалните мрежи, а скопјани, кои се сеќаваат на тоа убаво време, не штедат на коментари за да се искажат колку само им била убава младоста.






Некои од нив, пак, кои никогаш не научиле да лизгаат на мраз, сега се присетуваат на вкусниот топол чај со рум што го пиеле на трибините…

Објавата и фотографијата можете да ги погледнете на „Стари скопјани“. 

 

Поврзани содржини