АЕРОДРОМ СЕ ПОШЕГУВА СО ПАТНИЦИТЕ, МИЛИОНИ KOMEНТИРАА На кого му сметаат пижами и влечки крокодилки? 

Објавата на познат аеродром во Флорида за наводна забрана на пижами и „крокодилки“ беше дел од хумористичниот тон на аеродромот. Шегата на Икс собра над 5,7 милиони прегледи и предизвика лавина коментари.

115

Објава што крена бура на социјалните мрежи се претвори во шега. Аеродромот во Тампа на Флорида во САД во  соопшти дека пораката за забрана на носење пижами во терминалот не била сериозна.

Аеродромот на својот профил на Икс претходно напиша дека „виделе доволно пижами“, по што упати апел патниците да престанат да носат познатите влечки „крокодилки“. Во објавата беше спомната марката „Crocs“ што ја разгоре дискусијата.






Објавата собра над 5,7 милиони прегледи и илјадници коментари, пренесе Еј-Би-Си Њуз. Портпаролот Бо Симер објасни дека станува збор за дел од препознатливиот хумористичен тон на аеродромот.

– Патниците ги охрабруваме да се чувствуваат удобно – изјави Симер.

Тој додаде дека целта е комуникацијата да остане лесна и пријатна.

Од аеродромот појасниле дека објавата е „разигран одговор на дебатите за мода за време на патување“ и ги повикаа патниците да продолжат да патуваат на начин кој им е најудобен.

Пораката беше јасна. И покрај хуморот на социјалните мрежи, приоритет остануваат безбедноста и удобноста на патниците.

Поврзани содржини