ЈАДЕТЕ ЛОКАЛНО ПРОИЗВЕДЕНА ХРАНА, ВОЗЕТЕ ВЕЛОСИПЕД, НАМАЛЕТЕ ГО ОТПАДОТ… Центарот за климатски промени со апел до граѓаните

На Светскиот ден на животната средина, кој се одбележува секоја година на 5-ти јуни, Центарот за климатски промени ги повикува граѓаните во Македонија да се приклучат во борбата против климатските промени со преземање итни активности за заштита на нашата планета.

74

Под слоганот #ПреземиКлиматскаАкција вклучи се во борбата со климатските промени“, Центарот за климатски промени, по повод Светскиот ден на животната средина, кој се одбележува секоја година на 5-ти јуни, ги повикува граѓаните во Македонија да се приклучат во борбата против климатските промени со преземање итни активности за заштита на нашата планета.

Центарот ја нагласува важноста на индивидуалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови и ублажување на ефектите од климатските промени.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини