ЈАДЕТЕ ГРЕЈПФРУТ, АМА НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ! Ова здраво овошје кое го забрзува метаболизмот, крие и неколку опасности!

Ова горчливо овошје го зголемува и нивото на калциум оксалат кој може да предизвика камења во бубрезите.

318

Грејпфрутот е тропско растение со горчлив вкус од родот агруми. Тоа е плод на зимзелено дрво кое расте до 6 м во височина, но може да биде и повисоко. Плодовите растат до 15 цм во дијаметар и имаат жолта или портокалова боја.

Грејпфрутот е полн со витамин Ц, па помага во борбата против настинки и срцеви заболувања и го забрзува метаболизмот. Содржи и антиоксиданти кои помагаат во обновувањето на оштетената кожа и во борбата против брчките. Исто така, го успорува процесот на стареење на клетките.






Освен ова, грејпфрутот го забрзува метаболизмот и го поттикнува слабеењето. Има и антисептички својства, а богатството на витамини и минерали ги храни клетките на кожата, ги стеснува порите и ја ослободува кожата од вишокот маснотии. Во козметиката се користи за лекување на мрсна кожа.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини