ЈА ВИКНАЛ ЦЕЦА ДА ИМ ПЕЕ НА УВЦЕ, ПА ГИ ОДНЕЛ НА ЛЕСКОВАЧКА Каква забава им приреди Михајловиќ на Адриано, Фавали и на Виери? (ГАЛЕРИЈА)

Животот на Синиша Михајловиќ згасна денеска по долгогодишната борба со леукемијата. Србинот остави длабоки траги секаде каде што играше, а особено голема беше неговата љубов кон Црвена ѕвезда.

3,193

На времето додека сите заедно играа во италијанскиот фудбалски клуб Интер, Синиша Михајловиќ и Дејан Станковиќ решиле да ги прошетаат низ Белград нивните соиграчи Фавали, Адријано и Виери и да им ги покажат домашните специјалитети.

Фудбалерите ја искористиле паузата во првенството во Италија да прошетаат низ Белград и да се забавуваат во ноќни клубови и сплавови каде им пеела Цеца Ражнатовиќ.






Потоа Михајловиќ и Станковиќ ги однеле своите колеги од тимот на вечера. Но, наместо во луксузен ресторан, тие ги однеле во обичен киоск со брза храна. Петте светски фудбалски ѕвезди стоеле во редот и чекале да нарачаат плескавици со кромид.

Случајните минувачи велат дека биле зачудени како светските фудбалски ѕвезди, чекале ред за да нарачаат сендвичи. Некои од папараците успеале да ги снимат додека чекале во редот.

Подоцна продавачите изјавиле дека на Бразилецот Адријано и Италијаните Виери и Фавали им се допаднале плескавиците. Фудбалерите играа заедно во Интер во периодот од 1998 до 2006 година. Сите останаа големи пријатели и по завршувањето на нивните кариери.

Животот на Синиша Михајловиќ згасна денеска по долгогодишната борба со леукемијата. Србинот остави длабоки траги секаде каде што играше, а особено голема беше неговата љубов кон Црвена ѕвезда.

Поврзани содржини