ЈА СФАТИЈА ЛИ ОХРИЃАНИ ПОГРЕШНО ДОПИСНИЧКАТА НА БИ-БИ-СИ? Нејзиниот твит за езерото ги подели интернетџиите

Дефинитивно не доаѓајте да го посетите Охридското Езеро. Тоа е апсолутно ужасно место во С. Македонија. Супер скапо. Лоши временски услови. Навистина преполно, иронично напиша новинарката со иранско-италијанско потекло која патува низ 100 земји во светот.

926

Гневни коментари на социјалните мрежи во Македонија предизвика твит на дописничка на Би-Би-Си за Охрид кој според некои е навредлив, а според други само ироничен, а всушност е вистинска пофалба за градот и за езерото.

Новинарката Сузан Кианпур на Твитер напиша:






,,Дефинитивно не доаѓајте да го посетите Охридското Езеро. Тоа е апсолутно ужасно место во С. Македонија. Супер скапо. Лоши временски услови. Навистина преполно”, вели новинарката со иранско-италијанско потекло која патува низ 100 земји во светот.

 

Во твитот таа објави видео од возење со чамец по езерото. Објавата ја прегледале најмалку 26.000 луѓе.

Два дена преходно Кианпур пишува дека треба да се посети Охридското Езеро и дури алудираше дека тоа е поубаво од езерото Комо во Ломбардија во Италија.

Твитот тогаш гласеше: „Чувајте си го езерото Комо. Те одбирам тебе, езеро Охридско. Посетете го овој недопрен скапоцен камен пред да стане замка за туристи“.

Терминот „замка за туристи“ во англискиот јазик всушност значи место кое ќе стане пренатрупано со туристи бидејќи станало премногу познато.

 

Поврзани содржини