ЈА РЕШАВА РУБИКОВАТА КОЦКА И СО РАЦЕ И СО НОЗЕ На 7 години го поставил првиот рекорд, на 14 има 59 медалји
Четиринаесетгодишниот Ѓорѓи Чешмеџиевски е македонски шампион во брзо решавање на Рубикова коцка. Неговиот рекорд е местење на коцката за 5 секунди - со раце, а за 78 - со нозе
Четиринаесетгодишниот Ѓорѓи Чешмеџиевски од Скопје е повеќекратен национален рекордер во брзо решавање Рубикова коцка.
Чешмеџиевски, освен со раце, решава коцка и со нозе.
Најголем успех му бил да ја намести Рубиковата коцка со нозе за неверојатни 78 секунди.
Досега освоил 59 медалји на домашни и меѓународни натпревари.
Најголемата поддршка ја има од родителите, но и од соучениците и наставниците. Неговиот татко Ристо Чешмеџиевски е основач на македонската кјубинг асоцијација.
Слушнете ја приказната за Ѓорѓи Чешмеџиевски на овој линк.