ЈА ОДНЕЛА ПЕТГОДИШНАТА ЌЕРКА НА ФРИЗЕР ДА Ѝ ЈА ОБОЈАТ КОСАТА Луѓето ја осудуваат, а некои бараат и интервенција од социјалните служби

Видеото од малото девојче на кое му ја бојат косата на фризер е прегледано повеќе од 14,4 милиони пати. Што мислите вие за постапката на мајката која дозволила нејзиното петгодишно дете да ја бојадиса косата?

182

Деми Луси е мајка која за кратко време стана популарна на социјалната мрежа „ТикТок“, а себеси се нарекува „најкул мама“. Снима забавни видеа и оние на кои рекламира женска козметика.

Видеото кое го погледнале повеќе од 14,4 милиони луѓе е она на кое Деми ја покажува својата петгодишна ќерка Меди на фризер. Иако нема ништо необично во тоа дете да оди на фризер, сепак постои нешто за што луѓето ја осудуваат.






Всушност, Деми ѝ дозволила на својата петгодишна ќерка да ја избели нејзината природна кафена коса, а потоа да ја обои во розова боја. Таа подоцна објавила видеа од Меди како ја покажува својата нова фризура, а Деми вели колку е возбудена поради тоа.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини