ЈА НАМАЛУВА НАДУЕНОСТА, ГО ПОТТИКНУВА ЗДРАВОТО ВАРЕЊЕ Здрав напиток од три состојки
Напитокот е добра опција за оние кои не внесуваат доволно влакна во организмот, но и како средство за хидратација. Секако, тоа не значи дека можете да јадете или да пиете што сакате и да го средите тоа со овој пијалак. Имено, за чистење и детоксикација на телото се одговорни бубрезите и црниот дроб, а не водата со лимон и чиа.
Во текот на летото на социјалните мрежи се појави нов тренд на пијалак со чиа семе. Со повеќе од 40 милиони прегледи на TikTok, овој пијалак ветува целосен пресврт за дигестивниот систем, а е поедноставена верзија на Chia Fresca, популарен пијалак кој секојдневно и во големи количини се консумира во Мексико и во Централна Америка. Многумина се приклучија на овој тренд и ги споделија своите искуства.
Додека некои велат дека пијалакот директно влијае на дигестивниот систем и на цревата, други тврдат дека служи како одличен детоксикатор после викенд исполнет со брза храна и алкохол.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.