А ДА ЖИВЕЕВМЕ НА ВЕНЕРА ЌЕ БЕШЕ 460 СТЕПЕНИ Можеби постои живот на соседната планета?!

Жешките температури летово не се ништо во споредба со 460 степени на нашата соседна планета Венера. Во нова студија, научниците сметаат дека амонијакот, соединение кое содржи азот можеби е причината на Венера и денес да постои некаков микробиотски живот. Дури, на Венера можеби имало вода во младиот Сончев систем, а кога таа испарила од површината, животот се преселил на облаците.

311

Доаѓа жешко лето во Македонија. Но, не како и она лето кое го има на планетата Венера. До пред неколку години, Венера важеше за едно од местата во Сончевиот систем со најмала веројатност да биде пронајден вонземски живот, со оглед на температурата на површината од 460 степени и дење и ноќе. Но, облаците на Венера, втората планета од Сонцето, можеби се посоодветни за живот отколку што се мислеше, вели нова студија, пренесува 24сата.

Притисокот и температурата на атмосферата на Венера на надморска височина од околу 50 километри се совпаѓаат со условите на површината на Земјата, а поради ефектот на стаклена градина, поради големиот фактор на атмосферска рефлексија, температурата на површината на Венера би била околу -20 степени, иако таа е поблиску до Сонцето од Земјата.






Во 2020 година, научниците во облаците на Венера открија докази за постоење на фосфин, молекула формирана како резултат на животните процеси на Земјата.

Но, наодите беа жестоко оспорени бидејќи научниците кои ги објавија признаа дека можеби направиле грешка во количината на фосфин што мислеле дека го пронашле. Ако има живот на Венера тој би требало да биде отпорен на капките од сулфурна киселина во облаците од планетата.

Но, во новата студија објавена во научното списание „Proceedings of the National Academy of Sciences“ , експертите велат дека присуството на еден друг елемент, амонијакот, може да го овозможи животот, бидејќи амонијакот може да ја неутрализира сулфурната киселина.

Научниците веруваат дека амонијакот може да предизвика синџир на хемиски реакции кои би довеле до можен развој на живот на Венера.

„Ова е хипотеза, нашиот модел предвидува дека облаците на Венера не се целосно направени од сулфурна киселина, туку се состојат од сол на амонијак, што можеби е резултат на биолошкото производство на амонијак во облаците. Резултатот е дека облаците не се покисели од некои екстремни копнени средини каде што има живот“, пишува во студијата потпишана од Сара Сигер од универзитетот МИТ.

– Живот постои и во кисели средини на Земјата. И покрај непријателскиот состав на површината на Венера, амонијакот може да го овозможи животот – изјави Сара.

Студијата исто така пишува дека е можно Венера да имала вода кога Сончевиот систем бил помлад. Една од претпоставките на студијата е дека животот на Венера можеби започнал на површината, а кога се случил ефектот на стаклена градина и водата испариле, тој се преселил во облаците.

Поврзани содржини