ЈАЈЦАТА, ЈАТКАСТИТЕ ПЛОДОВИ И ЛЕНОТ МОЖАТ ДА ГО ЗАМЕНАТ БРАШНОТО Здравиот оброк не мора да вклучува леб
Правилниот избор и комбинација на одредени намирници кои можеме да ги конзумираме наместо леб не е корисен само за луѓето со целијачна болест, туку и за луѓето со лошо варење и високо ниво на холестерол.
Протеините, витамините и минералите се неопходни за организмот адекватно да извршува бројни функции.
Мозокот, дигестивниот и мускулниот систем и имунитетот „го бараат“ тоа што им треба, а лебот и белото брашно како редовен дел од менито на многумина им прават големи проблеми.
За среќа, постојат поздрави алтернативи кои ќе ни дадат уште повеќе.
Јајца и јаткасти плодови: Протеинот како „гориво“ за срцето, но без премногу холестерол
Неколку студии испитуваа дали јајцата влијаат на факторите на ризик за срцеви и кардиоваскуларни болести, првенствено поради нивото на холестерол, кое е поврзано со нив.
Така, заклучено е дека консумирањето на едно до две јајца дневно не влијае на нивото на холестерол, како и на факторите на ризик за горенаведените болести.
Всушност, конзумирањето до две јајца на ден има позитивен ефект врз маркерите за срцеви заболувања кај луѓето кои имаат отпорност на инсулин или дијабетес тип 2.
Поради високата содржина на антиоксиданти, оревите се препорачуваат и како храна за поздраво срце.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.