А² + B² = C² Вавилонците го претекнале Питагора за 1.200 години со формулата!

Вавилонците знаеле дека во квадрат со страна 1 дијагоналата е еднаква на корен од 2 и тоа, според математичарот Брус Ратнер, е веројатно првиот исказ на Питагорината теорема 1.200 години пред Питагора да ја претстави во хеленскиот свет. Се работи за плочки од древниот Вавилон со геометриски натписи кои беа пронајдени. Науката ги датира на околу 1.770 години пред нашата ера.

234

Испитувањата на плочките од древниот Вавилон сѐ повеќе го потврдуваат сознанието дека Питагорината теорема им била позната на древните семитски математичари и 1.000 години пред времето кога живеел познатиот хеленски математичар.

Питагорината теорема A² + B² = C² којашто важи за трите страни на кој било правоаголен триаголник, е можеби најпознатата теорема во математиката и четвртата најмоќна во практичната употреба. Равенката е именувана по Питагора, кој живеел пред околу 2.500 години, потсетува порталот „ИФЛ Наука“.






– Вавилонците ја знаеле врската меѓу должината на дијагоналата на квадрат (со страна долга една мерна единица, б.п.), и неговата висина, т.е. d (дијагоналата) е еднаква на квадратен корен од 2 (мерни единици, б.п.). Ова е веројатно и првиот број за којшто се знаело дека е ирационален – вели математичарот Брус Ратнер за плочките најдени кај Вавилон кои науката ги датира околу 1770 година пред нашата ера.

Со други зборови, Вавилонците, ја знаеле следната форма на теоремата која се однесува на правоаголен триаголник со две исти катети:

d= a+ a= 2a2

Сепак, Питагора, односно неговите наследници остануваат клучни луѓе во историјата кои помогнале теоремата да стане популарна и да се пренесува, макар и во усна форма, до модерното време, кога постојат многу докази за истата и нејзина примена во вишата математика.

 

 

Поврзани содржини
na