НАСКОРО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА „ИГРА НА ТРОНОВИ“ Објавен е краток трејлер

„Витез на седумте кралства“ ќе се прикажува од јануари 2026 година.

123

На американскиот „Комик кон“ во Њујорк објавен е првиот официјален кус трејлер за серијата „Витез на седумте кралства“ (A Knight of the Seven Kingdoms), ново претпродолжение на култната ТВ-серија „Игра на тронови“, од продфукцијата на „Ејч-би-о“ (HBO).

Серијата се заснова на популарните романи на Џорџ Р. Р. Мартин – „Приказни за Данк и Ег“ (Tales of Dunk and Egg). Заплетот се одвива 100 години пред настаните од „Игра на тронови“ и следи едно необично дуо – Сер Данкан Високиот (Питер Клафи) и неговиот млад штитоносец Ег (Декстер Сол Ансел), момче чиј таен идентитет засекогаш ќе ја обликува судбината на Седумте кралства, според описот.






Самиот автор ги сподели своите чувства и возбудата.

– Ја видов првата сезона на „Данк и Ег“, и таа е одлична. Сега работат на втората сезона. Тие се два лика кои се навистина посебни и необични за мене. Тие не се она што повеќето луѓе би го очекувале во фантастична приказна – изјави Џорџ Р. Р. Мартин.

Мартин, исто така, забележа дека серијата е „малку е помека и похумористична“, и оти се надева дека публиката е отворена за таков вид промена. „Витез на седумте кралства“ ќе се прикажува од јануари 2026 година.

Поврзани содржини