СТАНАА ВИРАЛНИ НА СПОТИФАЈ, ИСПАДНА ДЕКА НЕ СЕ ЛУЃЕ Како групата Велвет сандаун отвори тешка дебата за иднината на музиката?

Првично, проектот се претставувал како иницијатива инспирирана и управувана од човечка креативност. Подоцна, лице, кое се нарекло „соработник“, признало дека песните се создадени со помош на генеративна вештачка интелигенција преку платформата Суно и дека станува збор за „уметничка измама“. Официјалните канали на бендот првин ги негираа тврдењата, а потоа објавија изјава во која велат: „Не сме целосно луѓе, ниту целосно машини – постоиме некаде помеѓу“.

231

Велвет сандаун (Velvet Sundown) ја освои сцената преку ноќ. Два албума, меланхоличен фолк звук, носталгија за Crosby, Stills, Nash & Young – и над 1 милион стримови на платформата „Спотифај“ за само неколку недели. Но, сензацијата доби пресврт: целото нивно постоење – музика, фотографии, па дури и биографија – било генерирано од вештачка интелигенција, објави Гардијан.

Проектот првин тврдеше дека е „воден од човечка креативна насока“. Потоа, наводен „соработник“ признал дека песните биле направени со генеративна ВИ преку платформата „Суно“ и дека сè било „уметничка измама“. Официјалните канали на бендот првин негирале, па објавиле изјава: „Не сме сосема луѓе. Не сме ни сосема машини. Живееме некаде помеѓу“.






Овој случај отвори бурна дебата: дали стриминг-платформите треба да бидат законски обврзани да ја обележуваат АИ-создадената музика? Во моментов, „Спотифај“ и други платформи немаат таква обврска, што значи дека слушателите честопати не знаат дали слушаат човек или алгоритам.

– Бендови како Велвет сандаун, кои постигнуваат масовна слушаност без човечки творци, отвораат длабоко загрижувачки прашања за транспарентноста, авторството и за согласноста – изјави директорот на Ајворс академи, Роберто Нери.

Софи Џоунс од британското музичко тело ВПИ вели:

– ВИ треба да ѝ служи на човечката креативност, не да ја заменува. Бараме нови обврски за транспарентност и за јасно обележување на содржината што ја создава исклучиво вештачката интелигенција.

Стравовите не се само идеолошки. авторката Лиз Пели предупредува дека независните уметници можат да бидат искористени: некој може да обучи ВИ-модел врз нивната музика без знаење или, пак, дозвола. Таа се потсетила на случај од 2023 година, кога песна креирана од ВИ, со гласови слични на Дрејк и на Викенд, станала вирална пред да биде отстранета по интервенција на Јуниверзал.

Платформата „Дизер“ веќе користи софтвер за откривање и за обележување на траките создадени од ВИ. Нивниот директор за иновации, Орелиен Еро, вели:

– Во овој период на „натурализација на ВИ“, треба отворено да информираме кога е употребена. Според „Дизер“, до 70% од стримовите на ВИ-музика на нивната платформа се лажни или манипулативни.

„Спотифај“, пак, не обележува ВИ-содржина, а претходно беше критикуван за креирање плејлисти со „фантомски артисти“ – фиктивни имиња зад евтина, автоматски креирана музика. Од компанијата изјавија:

– Сета музика на „Спотифај“, вклучувајќи ја и онаа создадена со ВИ, е поставена од лиценцирани трети страни.

Музичката индустрија стои пред пресвртница. Без регулација, велат критичарите, ВИ ќе ги повтори истите грешки направени во ерата на стримингот – профит за технолошките компании, а авторите – оставени зад себе.

Поврзани содржини