АКО НЕ МОЖЕ ПОИНАКУ, ДА СЕ „РАЗЛАДИМЕ“ СО ПРОГНОЗАТА ЗА ЗИМАТА 2025-2026 Поларната „брава“ ќе попушти, во Европа и во САД ќе биде студено и снежно

Следната зима може да донесе почести и поостри продори на арктички студ кон Европа и Северна Америка. Научна анализа предупредува дека Поларниот вртлог би можел да биде значително ослабен – тој е клучен „бравар“ на арктичкиот студ, кога е силен и стабилен, студот останува заробен во поларниот круг.

537

Рана долгорочна временска прогноза, објавена на severe-weather.eu, укажува дека има голема веројатност зимата 2025-2026 година да биде „поарктичка“ од просекот. Главната причина е можноста за слаб Поларен вртлог – огромниот систем на ветрови и студ над Арктикот – кој, кога е нарушен, дозволува студени бранови да се пробијат на југ и да донесат екстремен студ и снег.

Поларниот вртлог е клучен „бравар“ на арктичкиот студ. Кога е силен и стабилен, студот останува заробен во поларниот круг. Но, кога ослабува – обично поради настани како стратосферско затоплување – се отвораат „пукнатини“ низ кои арктичкиот воздух се спушта кон Европа, САД и кон Канада. Такви зими обично се поврзуваат со обилни врнежи од снег и подолги студени периоди.






Според анализата, три фактори сугерираат дека оваа зима е под висок ризик од слаб Поларен вртлог: очекувана слаба Ла Ниња во Пацификот, источна фаза на Квазибиеналната осцилација во стратосферата и рекордно ниска летна површина на арктички мраз, особено во Баренцовото Море и во Карското Море. Сите овие механизми ја зголемуваат шансата за нагли стратосферски затоплувања кои го „разбиваат“ вртлогот.

Студените аномалии или слабата Ла Њина (состојбата ENSO) во тропскиот Пацифик има големо влијание врз глобалната циркулација. Овој пат се очекува слаба Ла Ниња, а историјата покажува дека вакви услови често се поврзани со зими во кои Поларниот вртлог станува ранлив и склон кон колапс.

Источната фаза на стратосферски ветришта (QBO) оваа година ќе бидат дополнителен предуслов за нарушување на стратосферската циркулација. Таа „му помага“ на топлинските бранови од долната атмосфера да се пробијат нагоре и да предизвикаат силен механизам за распарчување на Поларниот вртлог. Истовремено, податоците покажуваат рекордно ниска површина на летен мраз околу Арктикот. Намалениот мраз ги менува атмосферските бранови и дополнително го дестабилизира стратосферскиот систем.

Иако ова е долгорочна прогноза и секогаш постои доза на неизвесност, научниците предупредуваат дека сценариото со слаб Поларен вртлог значи сериозен ризик од чести студени бранови и снег во Европа оваа зима. Следните месеци ќе бидат клучни за да се потврдат или демантираат овие сигнали, но атмосферата, велат, веќе изгледа „спремна“ за пореметувања кои може да ја одбележат сезоната 2025/26.

Поврзани содржини