ВО КОЈА НЕДЕЛА ФЕТУСОТ МОЖЕ ДА ПОЧУВСТВУВА БОЛКА? Ново истражување дава изненадувачки одговори
Нова студија од Универзитетскиот колеџ во Лондон носи фасцинантни докази – мрежата во мозокот одговорна за доживување болка (т.н. „pain connectome“) се развива постепено, дури кон крајот на бременоста, што значи дека фетусите и новороденчињата може да ја чувствуваат болката поинаку од возрасните.
Додека некои се убедени дека фетусите можат да покажат знаци на болка уште во 12-тата недела од бременоста, други се убедени дека дури ни новороденчињата всушност не чувствуваат болка на начинот на кој ние ја перцепираме.
Но, новото истражување од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) фрла светлина врз оваа нејасна област. Научниците го мапирале развојот на мозочните мрежи одговорни за обработка на болка, таканаречениот „pain connectome“, за да разберат кога и како човечкиот мозок почнува да реагира на болка.
Користејќи ги најнапредните техники за снимање на мозокот, тие го следеле развојот на невронските врски во мозоците на фетусите и новороденчињата и ги споредиле со возрасните.
Се покажало дека, до околу 32 недели од бременоста, овие патишта не се доволно развиени за да се зборува за зрела перцепција на болка, бидејќи сите аспекти на овој процес, сензорни, емоционални и когнитивни, сè уште се формираат. Сепак, по 32 недели, се јавува брз развој.
Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.