НЕ МОРА БАШ ЦЕЛО СЕЛО, АМА МОЖЕ ЦЕЛА УЛИЦА Дали за одгледување дете се доволни само мама и тато?
Писателка која го пропатувала светот ги открила 5-те најважни лекции за воспитувањето деца што ги научила во различни земји.
Различните култури негуваат различни вредности и имаат различни правила, како и воспоставени однесувања кои се одобруваат. Така, различни земји се познати по различни пристапи кон многу работи, вклучително и родителството. Секој од нив може да крие некоја мудрост што на некој од другата страна на светот би му била добредојдена.
Во времето на пандемијата со Ковид-19, писателката и дописничка за „Гардијан“ одлучила да се пресели со своето семејство од Америка во Сингапур, каде што живееле нивните најдобри пријатели.
Новинарката Марина Лопез рекла за тој потфат: „Бевме само уште еден пар уморни родители, исцрпени обидувајќи се да направиме сè со мала поддршка“.
Тие живееле на улицата отспротива на своите пријатели, па затоа често се менувале во чувањето деца, јаделе заедно и често се дружеле. Таа дури им дозволувала на своите пријатели да им викаат на нејзините деца, а книгата што подоцна ја напишала дури се вика „Ве молам викајте им на моите деца“.
„Брзо сфатив дека заедничкото родителство не е радикално – туку е практично. Тоа искуство ме натера да ги доведам во прашање нормите со кои пораснав: дека родителството е работа што е најдобро да им се остави на – па, на родителите, и дека заштитата на моите деца значи да ги држам подалеку од секој со чиј стил на родителство не се согласувам“:
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.