ПОРАНЕШЕН ШТИТЕНИК РАСКАЖУВА ЗА ТАЖНОТО ДЕТСТВО ВО ДОМ Илија се бори за правото посвоените и децата без родители да знаат кој ги создал

Илија Јовановиќ живо го памти денот кога на 5 години бил донесен од Домот за деца во Битола, во домот 11-ти Октомври во Скопје. „Сликата за моето најрано детство е бледа и темна, без ниту еден спомен, но убаво го паметам денот кога ме донесоа во Скопје. Незнаев каде се наоѓам, цел ден ја удирав главата во ѕид и плачев, но немаше кој да ме утеши и да ме смири“, раскажува тој.

961

Илија Јовановиќ е претседател на здружението „Градиме иднина“ кое неодамна започна нов проект кој третира еден горлив проблем – судбината на посвоените деца. Насловот на проектот гласи: И ти имаш право да ги знаеш своите биолошки родители!

Илија е поранешен штитеник од домот за доенчиња и мали деца Битола, кадешто бил сместен до петтата година од животот, кога го префрлиле во Домот 11-ти Октомври во Скопје.






Тој ги знае своите родители, но вели дека им бил одземен од државата затоа што неговата мајка била болна, а татко му бил алхохоличар кој постојано ја тепал и ја малтретирал мајката, а него се обидел да го убие со нож. Ова му го раскажувале подоцна луѓе кои живееле во соседството.

„Немам никакви сеќавања за мојот живот во домот за доенчиња и мали деца во Битола, сликата е бледа и темна, без ниту еден спомен, а единствениот спомен на кој се сеќавам е денот кога ме донесоа од Битола во Скопје. Памтам дека многу плачев, незнаев каде се наоѓам и не можев да се смирам. Кога ме однесоа во соба, цел ден си ја удирав главата во зид и плачев. Незнам како се смирив тој ден“, раскажува Илија.

Вели дека и натамошниот живот во домот не му бил едноставен. Децата, без оглед на тоа дали биле за таму или не, повеќето биле запишувани во специјални училишта: „Ние децата немавме право на избор каде сакаме да се запишеме. Мене ме запишаа во „Лазар Танев“, кадешто учев за готвач, па потоа го засакав готвењето и готвев заедно со готвачките во домот кои ме подучуваа.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Поврзани содржини