ЛЕКОТ ЗА ПАРКИНС И АЛЦХАЈМЕР ЛЕЖИ ВО ТАЛОГОТ ОД КАФЕ?! Ново револуционерно откритие на научниците

Новата студија отвара нова надеж дека би можел да се најде лек за Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест

797

Пред да се појават симптомите на невродегенерација, мозочните ткива се изложени на постепено пропаѓање под влијание на хемиски напади. За да се зајакне нервниот систем против такви напади, истражувачите од Универзитетот Тексас во Ел Пасо експериментално користеле честичка создадена од соединенијата пронајдени во талог од кафе.

Овој материјал, односно, јаглеродните квантни точки базирани на кофеинска киселина (CACQD), се покажал ветувачки во третманот на невродегенеративните нарушувања. Наводно, во лабораториски тестови се покажал како ефикасен во чистење на супстанциите кои предизвикуваат дегенерација на нервните клетки, што може да доведе до болести како што се деменција и Паркинсонова болест, пишува Science Alert.






Невродегенерацијата може да биде предизвикана од различни фактори на животната средина, вклучувајќи хербициди и пестициди. Пример е паракват, хербицид поврзан со зголемен ризик од развој на Паркинсонова болест. Меѓутоа, крвно-мозочната бариера често ги спречува антиоксидантите да навлезат длабоко во мозокот и да се борат против слободните радикали.

Кофеинската киселина, која се наоѓа во кафето, виното и јаболката, може да ја премине крвно-мозочната бариера во одредени концентрации. Истражувачите ја трансформирале кофеинската киселина во јаглеродни квантни точки за да ја зголемат нејзината ефикасност во борбата против супероксидните слободни радикали. Тестови на клеточните линии покажале дека CACQD може да спречи таложење на протеини поврзани со невродегенерацијата.

Иако се потребни дополнителни истражувања за да се утврди ефикасноста на ова терапевтско соединение во човечкото тело, фактот дека CACQD може да се произведе од отпаден материјал како што е талогот од кафе го прави потенцијално привлечен за идни терапевтски примени во лекувањето на невродегенеративни нарушувања.

Ова истражување е објавено во списанието Environmental Research.

Поврзани содржини