КАКО ЏОРЏА МЕЛОНИ ЈА НАПРАВИ ЦЕЛА ЕВРОПА ДЕСНИЧАРСКА? „Топлотниот“ бран продолжува во Шпанија, Словачка и во Полска
Според анализата Мелони добила преќутна поддршка од одредени лидери за нејзината желба да ги одврати мигрантите. Таа поддршка денес се гледа како единство на европските крајни десничарски и центар-десничарски партии.
Десничарски ураган веќе подолго време надвиснува над Европа, а она што започна со победата на Џорџа Мелони во Италија и продолжи со Финска и Грција, според Политико, може летово и есенва да заврши со десничарски влади во Шпанија и во Словачка. Тоа ќе ja направи моќната Германија прилично осамена како социјал-демократска земја во срцето на Европа, но и таму порастот на десничарите АфД зборува за новиот тренд.
Политико пишува дека „последиците од пучот ќе бидат страшни“ по политиките за проширување, климата, политиката кон Украина… А дека причината за тоа зошто ЕУ молчи и ја поддржува Мелони првенствено се мигрантите. Во анализата се вели дека ниту еден ветер на левицата во моментов не може да се спореди со ураганот на конзервативните партии.
Првите знаци дека Мелони е прифатена, а не изолирана дојдоа минатата есен на нејзиниот прв самит на ЕУ. Таа ја отвори вратата кога лидерите на ЕУ се справуваа со тешкото прашање на миграцијата. Според анализата Мелони добила преќутна поддршка од одредедни лидери за нејзината желба да ги одврати мигрантите.
Како аргумент за ова се наведува фактот дека неколку месеци подоцна, кога на 12 јуни центристичкиот холандски премиер Марк Руте и шефицата на Европската комисија на десниот центар Урсула фон дер Лајен, највисоката извршна власт на ЕУ, ја придружуваа Мелони на патувањето во Тунис во обид да го зауздаат миграцискиот тек од оваа северноафриканската земја.
Тоа е новото меѓупартиско единство на десниот центар и на крајните десничарски партии во Европа.
Extraordinary map reveals how millions across Europe are shifting towards populist Right-wing parties and abandoning the EU’s traditional social democrats and green ideologues
via https://t.co/SoLYFq4N90 https://t.co/2ct7XtW68m— John B Tawn (@27Tawnyowl) July 15, 2023
Десничарски популисти се враќаат во Шпанија, Словачка и Полска
„Низ Европа владите ги преземаат десничари. На некои места, екстремно десничарските лидери ја преземаат власта, додека на други, потрадиционалните партии од десниот центар се здружуваат со десницата, нешто што некогаш се сметаше за невозможно“, се додава.
Шпанците излегуваат на гласање на 23 јули. Главната централно-десничарска партија во земјата, Народната партија (ПП), е уверена дека ќе ја врати власта откако ја победи Социјалистичката партија на премиерот Педро Санчез на локалните избори минатиот месец.
Како што се вжештува кампањата, Санчез предупредува на можна врска помеѓу ПП и екстремно десничарската партија Вокс, надевајќи се дека поврзаноста на ПП со Вокс може да ги исклучи левичарските гласачи од средната класа. Но, враќањето на власт од страна на ПП, како што изгледа веројатно, ќе го зацврсти десничарскиот наклон на Европа.
Општо земено, десничарски и центристички помали партии како дел од владините коалиции имаат и Бугарија, Романија, земјите од Бенелукс и Шведска. Владејачката партија ЛРЕМ, „Републиката маршира“ во Франција, чиј лидер е Емануел Макрон, исто така е центристичка, а нејзината алтернатива е ултрадесничарката Марин Ле Пен.
Закон, правда и десница
На друго место, во Полска, полскиот Закон и правда, центарот на десничарската моќ во ЕУ, води на анкетите пред есенските избори, додека Словачка се подготвува за враќање на популистичкиот лидер Роберт Фиц на предвремените избори закажани за септември.
Голем успех на изборите постигна и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Овој 55-годишен лидер на десниот центар на изборите освои многу поголемо мнозинство отколку што беше случај во првиот круг на изборите.
– Мислам дека веќе го гледаме ефектот Мелони. Во однос на миграцијата и климата, несомнено има промена надесно.- рече еден висок дипломат на ЕУ кој сакаше да остане анонимен.
Не сите земји го следат овој тренд, при што центристичките влади во Ирска и Литванија, на пример, се соочуваат со изборни предизвици од левицата. А Германија, најнаселената земја во ЕУ, сè уште ја води социјалдемократ. Но, дури и таму, владеењето на Олаф Шолц е нестабилно, со ривалските демохристијани и екстремно десничарската АфД на изборите.
Кога Финска е десничарска, ниту европарламентот не е ист
Со тоа што ЕУ е подготвена да избере нов Европски парламент следната година, промената надесно може да создаде и поконзервативен Брисел во наредните години, период кој ќе содржи критични одлуки за прашања како што се проширувањето на ЕУ кон исток, трговијата со Кина и надзор над владеењето на правото во земјите на ЕУ.
– Постоеше конвергенција меѓу десниот центар и крајната десница во изминатата деценија – рече Ханс Кунднани, европски политички аналитичар во Чатам Хаус.
Променливиот политички пејзаж на Европа можеше да се види во Брисел минатата недела, кога лидерите на ЕУ се собраа на нивниот редовен самит. На масата имаше ново лице, Петери Орпо, новиот премиер на Финска, кој ја предводи конзервативната Национална коалициона партија.
Орпо ја смени социјалдемократката Сана Марин, што доведе до поставување на најдесничарската влада во финската историја. За ова да се случи растурена беше левичарка четиригодишна влада со сигурна петчлена коалиција.