ДО ВЧЕРА НА ЛИСТАТА НА ФОРБС, ДЕНЕС НЕМА НИ ЗА ПЛАТИ!? Газдата на „Дормео“, Словенецот Санди Чешко, се соочува со банкрот
Чешко го започнал семејниот бизнис „од нула“. За ова тој зборуваше многу пати, иако не беше познат како бизнисмен за кој многу се појавува во јавноста. Се претставуваше како „скромен милионер“ кој нема јахта и секретарка, и како човек кој живее „обичен живот“.
Не така одамна Санди Чешко, основачот на „Дормео“ и „Крал на телешопингот“ се наоѓаше на листата на Форбс на најбогатите бизнисмени во регионот. Со имот проценет на 410,5 милиони евра, во 2013 година тој се најде во друштво на бизнисмените Емил Тедеско и Ивица Тодориќ, а сега Чешко, која со години беше познат и како најбогат Словенец, е на работ на банкрот.
Пред само една година Чешко имаше имот вреден 200 милиони евра. Речиси и да нема домаќинство во кое не влегле неговите брендови „Дормео“, „Делимано“ и „Космодиск“. Неговото „Студио Модерна“ работеше во повеќе од 20 земји низ светот и беше најголемата компанија за директна продажба во Источна Европа.
Компанијата нема пари, доцнат платите
Сега основачот на „Дормео“ за словенечките медиуми призна дека има проблеми во компанијата и дека на вработените им доцни платата. Чешко во мај годинава се пожали и дека војната во Украина му донела големи проблеми и дека изгубил важни пазари.
Само лани компанијата „Студио Модерна – ТВ продажба“ оствари загуба од 3,5 милиони евра, а последен пат работеше со добивка во 2018 година, кога заработи 131 илјада евра. Истовремено падна и бројот на вработени.
„Компанијата во 2021 година затвори непрофитабилни малопродажни единици, го намали бројот на вработени, се воздржува од нови проекти поради зголемените неизвесности во опкружувањето“ – се вели во деловниот извештај на „Студио Модерна – ТВ продажба“ со седиште во Загреб.
– Имавме вртоглава стапка на раст од дваесет до триесет проценти годишно, но го немавме тоа искуство – рече Чешко за време на короната и заинтригира многумина да го постават прашањето дали оваа реченица е знак дека бизнисот пропаѓа.
Скромен милијардер, без јахти, куќи и скапи часовници
Чешко го започнал семејниот бизнис „од нула“. За ова тој зборуваше многу пати, иако не беше познат како бизнисмен за кој многу се појавува во јавноста. Се претставуваше како „скромен милионер“ кој нема јахта и секретарка, и како човек кој живее „обичен“ живот.
– Моето его е задоволно поради тоа што сум меѓу најдобрите, ако не и најдобриот, во тоа што го работам, а не поради тоа што можам да го купам. Луѓето очигледно мислат дека успехот се мери според должината на јахтата, бројот на куќички и други луксузни атрибути. Немам ништо од тоа. А часовникот ми е „Своч“ – ако воопшто го имам на рака – изјави Чешко за „Блиц“ во 2013 година.
Тој влезе во бизнисот пред повеќе од 25 години, кога отвори компјутерска компанија. Најмногу инвестирал во нематеријални средства, таленти, иновации и технологија, а својот софтвер успеал да го продаде и на Јапонците. Тој влезе во бизнисот со директна продажба без визија или стратешки план. Кога Бранимир Бркљач од Србија му го подарил „Космодиск“, бил, како што вели, апсолутно скептичен.
– „Студио Модерна“ прва го започна мојата сопруга Ливија Доланц. Бранимир се приклучи во 1993 година, а јас се приклучив дури во 1994 година, кога видов дека бизнисот се развива побрзо од мојата компјутерска компанија. Тогаш Бранимир ми предложи да одиме со телешопинг, а јас реков дека тоа нема да се случи. Иако моите предрасуди беа големи, тој успеа да ме убеди. Се случуваше и случајно да ни се отворат вратите на Источна Европа, каде што го следевме трендот на отворање нови приватни ТВ станици, а потоа сè тргна по нагорна линија – раскажува Чешко.
Од бизнис во гаража до регионална империја
Фирмата му е регистрирана во Холандија, а целиот бизнис започнал во мала гаража во Загорје, гратче во Словенија, кога Чешко почнал да продава помагало за ублажување на болки во грбот.
Многу брзо фирмата прерасна во голема компанија со 7.000 вработени, разгранета во 20 земји и со половина милијарда евра приход во првите години.
Во тоа време, пред околу три години, Чешко продаде дел од бизнисот на инвестициски фондови под контрола на словенечкиот бизнисмен Дарко Хорват.
Во мај оваа година Чешка се пожали дека војната во Украина му донела големи проблеми.
– Кога почна војната во Украина и кога нè погодија санкциите изгубивме два пазара. Покрај тоа, изгубивме и финансиски инвеститор. Моравме да преземеме одредени мерки, а една од нив беше принуден договор во Швајцарија. И менаџерот реши да ги продаде брендовите што ги купи Дарко Хорват – изјави основачот на Студио Модерна.
Од интервјуто на Чешко за „Јутарњи лист“ може да се заклучи дека „Студио Модерна“ можеби имало пребрз раст, што за компаниите може да биде подеднакво ризично, како и пребавниот развој, зашто може да станат мета на побрзи и поагресивни конкуренти.
– Имавме вртоглава стапка на раст од дваесет до триесет проценти годишно, но тоа искуство го немавме. Порано беа потребни неколку генерации за да се изгради ваква компанија.
Уште од 1999 година не посетуваа заинтересирани инвеститори. На почетокот ги одбивав, но потоа решив да го прифатам – сведочеше Чешко во интервју за „Јутарњи лист“, направено за време на глобалната пандемија на коронавирус.