НЕМА ВЕЧНО ДА ВЕ ВООРУЖУВАМЕ Мили вели дека нема да има победник, а Медведев го спомна корејското сценарио за Украина
Се чини дека сличен на ставот на Медведев околу можното корејско сценарио е оној на највисокиот американски генерал, Марк Мили. Тој изјави дека нема да има победник во војната ни од двете страни. Изјавата на Мили доаѓа во време кога во Брисел НАТО-сојузниците се координираат со зголемената побарувачка за оружје за Украина, темпо на кое Западот не може целосно да одговори, велат експертите.
„Ќе им повторуваме и понатаму дека не можеме да правиме сè и сешто засекогаш“, изјавил анонимен извор од американската администрација за Вашингтон Пост, во врска со вооружувањето на Украина и прашањето дали тоа ќе продолжи на долг рок. На Киев му е ставено до знаење дека помошта е конечна, напиша и Њузвик, цитирајќи го Институтот за истражување на војната.
Дали тоа значи дека Русите сепак имаат предност и дали ова значи долга вечна војна?
Американскиот претседател Џо Бајден повторува дека ќе ја поддржи Украина „колку што е потребно“, но тешката состојба со залихите на оружје на Западот раскажуваат една сосем поинаква приказна, а сега тоа го потврдуваат и од администрацијата на САД, но и воени експерти. Западот едноставно не може да го следи темпото со кое Украинците го конзумираат произведеното оружје.
Изборите во САД идната година можат уште толку да го поколебаат американскиот Конгрес во поддршката. Неизвесна е и поддршка од сојузниците во Европа.
И Медведев и Мили го потврдија корејското сценарио?
Намалената или целосно сопрена помош од САД би можела да значи пораз за Украина или дури и замрзната војна во која земјата ќе биде поделена како Северна и Јужна Кореја, нешто што неодамна, на 7 февруари, го истакна Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија. Тој ги опиша шпекулациите на Киев дека Западот наводно е подготвен да ја подели Украина „според корејското сценарио“ како прв чекор кон признавање на постојната територијална реалност, јави Тасс.
Но, за Медведев корејското сценараио остава надеж дека и другите, засега неокупирани територии на Украина можат во иднина да бидат припоени:
„И тогаш ќе го достигнеме нивото на Република Кореја. Исто така, ќе остане некаква надеж за повторно обединување со поранешните територии“, напиша Медведев на својот канал Телеграм.
Се чини дека сличен на ставот на Медведев е претседателот на Здружениот генералштаб на САД, Марк Мили. Тој изјави дека нема да има победник во војната ни од двете страни!
Во интервју за Фајненшл Тајмс објавено во четвртокот тој изјави:
– Малку е веројатно дека Русија ќе ја прегази Украина. Тоа едноставно нема да се случи.
Но, истовремено највисокиот американски офицер оценува дека ќе биде „многу, многу тешко за Украина оваа година да ги исфрли Русите од секоја педа“ од територијата што силите на Москва веќе ја зазедоа, имено четирите отцепени региони.
На Пентагон му фалат пари
Мили неделава отпатува за Брисел за да ги координира НАТО-сојузниците и како да ја зајакнат огнената моќ на Украина.
– Киев гори преку оружје со стапка „многу пати поголема“ отколку што можат да го произведат неговите западни сојузници – предупреди во понеделникот генсекот на НАТО, Јенс Столтенберг.
Мили рече дека видот на муниција го принуди Пентагон да ги прегледа своите залихи на оружје и да размисли за зголемување на трошоците.
Актуелниот годишен буџет на Пентагон изнесува 817 милијарди долари, што го надминува збирниот вкупен износ за остатокот од десетте најголеми воени трошења во светот заедно. Вашингтон веќе одвои повеќе од 110 милијарди долари помош за Украина од почетокот на војната во Украина.
Какви се бројките за залихите?
Украинската армија за една година прими од САД, а најмногу потроши повеќе од еден милион артилериски гранати од калибар 155 мм. На овој начин речиси ги испразни сите американски залихи, а производството е минимално.
Минатата година американските компании успеаја да испорачаат само 93 илјади гранати од 155 милиметри. Се проценува дека производството ќе се зголеми на 240.000 оваа година, но тоа нема да биде доволно за да се задоволат потребите на Украина, а камоли да се надополнат залихите на американската армија, напиша пред неколку дена колумнистот на Индекс, Марио Галиќ.
Ситуацијата со омиленото оружје на Украина, повеќецевните ракетни фрлачи ХИМАРС, е само малку подобра. Годишното производство на проектили е околу пет илјади, а Украина за една година искористила 4.800. Локхид Мартин се обидува да го зголеми производството на 10.000 годишно, но тоа не е ниту лесно, ниту брзо.
6.000 ракети на ден и две офанзиви во исчекување
И сето ова е само дел од оружјето. Како што напиша вчера полковникот Ричард Кемп, дописник на Телеграф, украинските сили истрелуваат по 6.000 проектили дневно како одговор на рускиот оган, кој, за споредба, е помоќен.
Додека Украина кубури со оружје, Русија кубури со персонал, можна тајна мобилизација и внатрешни превирања. Клучните битки околу градот Бахмут продолжуваат. И покрај овие проблеми и двете страни најавија свои големи офанзиви. Според украинците, руска офанзива би можела да се случи на годишнината од војната, на 24 февруари, за недела дена од сега.