ПОСТОЕЛ ТАЕН ДОГОВОР УКРАИНА ДА НЕ ВЛЕЗЕ ВО НАТО? Го убедувале Путин, тој рекол дека сака територија
Два од трите извори рекоа дека притисокот да се финализира договорот се случил веднаш по руската инвазија на 24 февруари. За неколку дена, Козак верувал дека има согласност од Украина за главните услови што Русија ги бараше и му препорачал на Путин да потпише договор, велат изворите. Путин ја одбил идејата за договорот и рекол дека сака украинска територија, велат трите извори за Ројтерс. Според еден од изворите ваков договор, Украина да не влегува во НАТО имало и пред 24 февруари.
Главниот човек на Путин за односи со Украина, Дмитриј Козак, кој и самиот бил Украинец, денови пред војната го убедувал Путин да не ја нападне Украина, велејќи дека има склучено таен договор со Киев за Украина да не влегува во НАТО, открива Ројтерс повикувајќи се на три анонимни извори блиски до Кремљ. Изненадувачки, Путин одбил ваквиот договор да биде усвоен и рекол дека неговите нови цели се анектирање територија во Украина, нешто што долго време руските власти го негираа.
Така почнала војната. Војната за кој во ноември месец Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ велеше дека е „шуплива и неоснована измислица“, за потоа „специјалната воена операција“ да биде извршена заради „заштита на рускиот народ во Донбас“. Пред нападот Путин зборуваше дека НАТО е закана за Русија, но според приказната за Козак, испаѓа дека неговите цели се смениле или дека од претходно значеле освојување украинска земја.
Договорот бил постигнат неколку дена по 24 февруари?
Веста за Козак и неговиот договор првпат ја објавува Ројтерс. Козак не одговорил на барањата за коментар испратени преку Кремљ. Она што го велат трите анонимни извори е дека Путин на почетокот ги поддржувал тајните преговори со Украина пред нападот на 24 февруари.
Два од трите извори рекоа дека притисокот да се финализира договорот се случил веднаш по руската инвазија на 24 февруари. За неколку дена, Козак верувал дека има согласност од Украина за главните услови што Русија ги бараше и му препорачал на Путин да потпише договор, велат изворите.
– По 24 февруари, на Козак му беше дадена карт бланш: му дадоа зелено светло, тој го доби договорот. Тој го врати и му рекоа да се расчисти – изјави еден од изворите блиски до руското раководство.
Третиот извор – кому за настаните му кажаа луѓе кои беа информирани за дискусиите меѓу Козак и Путин – се разликуваше за времето, велејќи дека Козак му го предложил договорот на Путин и дали истиот бил одбиен, непосредно пред инвазијата.

Дури и Путин да се согласеше, прашање е дали војната ќе завршеше
Но, дури и ако Путин се согласеше со планот на Козак, останува неизвесно дали војната ќе завршеше, пишува Ројтерс. Дека ваков договор имало, потврда од Зеленски новинарите уште не добиле.
Козак, кој има 63 години, е лојален поручник на Путин откако работеше со него во 1990-тите во канцеларијата на градоначалникот на Санкт Петербург.
Козак бил добро поставен да преговара за мировен договор бидејќи од 2020 година Путин го задолжил да води разговори со украинските колеги за регионот Донбас во источна Украина, кој беше контролиран од сепаратистите поддржани од Русија по бунтот во 2014 година. На 10 февруари вечерта во Берлин, каде се водеа разговори со посредство на Франција и Германија тој изјавил дека последната рунда преговори завршила без пробив.
Камерите биле исклучени, Козак зборувал против војната
Козак, исто така, беше еден од присутните кога, три дена пред инвазијата, Путин ги собра своите воени и безбедносни началници и клучните соработници во салата Екатерински во Кремљ на состанокот на Советот за безбедност на Русија.
Камерите на државната телевизија снимија дел од состанокот, каде Путин ги изложи плановите за формално признавање на сепаратистичките ентитети во источна Украина.
Откако камерите биле изнесени од огромната просторија со нејзините неокласични столбови и куполен таван, Козак зборувал против тоа Русија да преземе какви било чекори за ескалација на ситуацијата со Украина. Ова го потврдиле двајца од тројцата извори блиски до руското раководство, како и трето лице кое дознало за тоа што се случило од луѓе кои учествувале на состанокот.

Козак е уште на функцијата, но „нигде го нема“
Друг поединец интервјуиран од Ројтерс, кој помогна во разговорите по инвазијата, рекол дека дискусиите се распаднале на почетокот на март кога украинските власти сфатиле дека Путин е посветен да продолжи со инвазијата од големи размери.
Шест месеци од почетокот на војната, Козак е уште на својата функција како заменик началник на Генералштабот на Кремљ. Но, тој повеќе не се занимава со досието за Украина, според шест од изворите кои разговарале за Ројтерс.
– Од она што можам да го видам, Козак нигде го нема – изјавил еден од шестмината, извор близок до сепаратистичкото раководство во источна Украина.
Киев потврдува дека имало преговори, за договорот молчи
Дека тајни преговори имало, потврди украинската страна, но дали Козак успеал да договори нешто меѓу Киев и Москва од Киев не коментираат. Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Зеленски, за Ројтерс рекол дека Русија ги искористила преговорите како димна завеса за да ја подготви за својата окупација, но тој за Ројтерс не одговорил на прашањата за суштината на разговорите, ниту потврдил дека е постигнат прелиминарен договор.
– Денес јасно разбираме дека руската страна никогаш не била заинтересирана за мирно решение – изјавил Подољак.