КИНА РАЗВИОРИ ЕДРО ВО ВСЕЛЕНАТА Со него ќе се чисти вселенското ѓубре

Колку е корисна оваа направа? Па, да земеме за пример еден мал сателит кој орбитира на висина од 750 километри, а тежи само 15 килограми, може и до 120 години да остане како ѓубре во вселената. Со новото едро, тој би бил исчистен во рок од 10 години.

2,545

Вселенско едро или по нашки змеј од 25 метри квадратни, кое работи на сончева енергија, а ќе служи за да се собира вселенското ѓубре, во вторникот успешно тестираа Кинезите, дознава ГлобалТајмс. Орбитата на Земјата е полна со сателити кои веќе не се користат. Со новото едро тие ќе можат да бидат фатени како со метла и да бидат насочени надоле во атмосферата каде ќе изгорат паѓајќи.

Едрото беше инсталирано на капсулата за носивост на ракетата носач Long March-2D Y64, која беше лансирана во вселената на 23 јуни, а системот беше успешно расклопен во орбитата на 26 јуни. Го развиле од Институтот 805 на Шангајската академија за технологија на вселенски летала, САСТ.






Неговата дебелина е помала од една десетина од дијаметарот на човечко влакно. Според истражувачите, ваквите лесни текстили можат да бидат прилично многу растегнувани, а тоа значи дека системот може да се инсталира на кое било вселенско летало. Едрото користи аеродинамичен отпор за да се движи и да фаќа други сателити.

Колку е корисна оваа направа? Па, да земеме за пример еден мал сателит кој орбитира на висина од 750 километри, а тежи само 15 килограми, може и до 120 години да остане како ѓубре во вселената. Со новото едро, тој би бил исчистен во рок од 10 години.

Вселенскиот отпад претставува закана за вселенските летала во орбитата. Најтипичен случај е судирот меѓу американскиот „Иридиум 33“ и отфрлениот „Космос-2251“ на Советскиот Сојуз на височина од речиси 800 километри над Сибир.

Несреќата не само што го исфрли „Иридиум 33“, туку и произведе голема количина отпад, која беше расфрлана на повеќе од илјада километри во вселената, што имаше големо влијание врз следните вселенски програми.

Поврзани содржини