ПУТИН МАТИРА ВО УКРАИНА ВО ШАХ БЕЗ ПОТЕЗИ Втор СССР е на повидок?!

Матот на Путин е во неговата итроштина да ги избегне санкциите. Тие нема сериозно да ја погодат Русија бидејќи Европа зимава е во криза со гас, а 40 отсто од енергенсот Европејците го увезуваат токму преку Русија.

8,712

Наближува 2022 година, а Западот уште се обидува да го предвиди следниот шаховски потег на рускиот претседател Владимир Путин на геополитичката табла. Во меѓувреме, истиот тој Запад подготвува агресивен пакет санкции доколку Русија реши да заземе друга територија во Украина. Но, матот е веќе на маса без ниту еден одигран потег, пишува Си-Ен-Ен.

Матот на Путин е во неговата итроштина да ги избегне санкциите. Тие нема сериозно да ја погодат Русија бидејќи Европа зимава е во криза со гас, а 40 отсто од енергенсот Европејците го увезуваат токму преку Русија. Значи, Кремљ е спремен да го опипа пулсот на Европа во случај на санкции со прекин на дотокот на гас, а ова му ја дава комоцијата на Путин сè уште да размислува за евентуална копнена инвазија на Украина – можност која е реална поради неодамнешното поставување на 175.000 руски војници и опрема на руската страна на границата.






Оваа игра наликува на нов СССР

Ако се сомневате во плановите на Путин да го врати времето, само прочитајте го неговиот есеј со повеќе од 5.000 зборови за тоа зошто Русија, Белорусија и Украина се осудени на пропаст без поблиска интеграција со „мајка Русија“. Или разгледајте ги неговите храбри барања за вето за тоа кој ќе се приклучи на НАТО и ограничувањата за распоредување војници и оружје во која било земја што станала членка на НАТО по 1997 година. Ова, наликува на „втор СССР“, пишува понатаму Си-Ен-Ен.

Без да испука ниту еден куршум, Путин успеа да го испрати Западот во колективна паника. Во последните четири месеци, а особено меѓу 7 септември и 5 декември, според западните разузнавачки извори, Путин насобрал десетици илјади војници и тешко оружје на околу 50 километри од украинската граница. Тоа е доволно за да се повтори уште една анексија, уште едно киднапирање налик на она во 2014, кога Русија го присвои Крим. Ќе биде ли побунетиот про-руски регион Донбас, новиот Крим?

Водните ресурси на Крим и американските далноводи

Со толкава воена моќ, Путин можеби цели кон копнена врска меѓу Русија и самиот Крим, потег што би можел делумно да биде дизајниран за да ги ослободи водните ресурси блокирани од Украина во Северниот кримски канал, кој некогаш задоволуваше 85 отсто од потребите за вода на полуостровот.

Но, акциите на Кремљ не се ограничени само на Украина. Русија е вклучена во хибридна војна со Западот, вклучувајќи хакирање на еден од најголемите далноводи во Америка, ширење дезинформации за вакцините за коронавирусот, мешање во изборите во САД и неутрализирање на противниците на странска територија.

Путин неодамна отвори уште еден фронт со Западот, формирајќи воен сојуз со човек кој често се нарекува „последниот диктатор во Европа“, белорускиот претседател Александар Лукашенко. Охрабрен од поддршката на Кремљ, Лукашенко делуваше неказнето затворајќи ги противниците, принудувајќи го авионот на Рајанер, во кој леташе негов политички противник, да изврши принудно слетување и испраќање мигранти на границата со ЕУ.

Сепак, европските лидери дури во четвртокот одговорија на тактиката на Путин на малтретирање и на заплашување обидувајќи се да го турнат кон преговарачката маса. Тоа може да биде знак дека ЕУ стравува дека дури и ако не потпише нови остри санкции кон Русија, Путин сепак би можел да ги сопре испораките на гас.

Западот има малку асови во ракавот

А случајно или не, Русија и Кина неделава најавија заедничка работа на затворена трговска мрежа што ќе ја намали зависноста од меѓународниот финансиски систем и ќе ги ограничи трансакциите во американската валута. Нов мини-шенген, нова кинеско-руска економска унија.

Дома, Путин ја разниша моќта на државата преку сеење страв кај Русите, главно со забрана на граѓанските организации, затворање на неговите противници и закани за граѓаните кои работат за странски амбасади.

Колку алатки или колку шаховски геполитички потези му останаа на Западот? Не многу, но сè уште има опции: да им се забрани на Русите да патуваат, да се блокираат повеќемилионските зделки за недвижнини кои ги претворија Лондон и Мајами во игралишта за богатите Руси и можеби веднаш да се протераат сите руските граѓани кои живеат во западните земји.

Со други зборови, треба да се употреби сè освен директен воен конфликт, заклучува Си-Ен-Ен во својата анализа.

Поврзани содржини