90-ГОДИШНА РИБА ПЛИВА ВО САН ФРАНЦИСКО Никој не знае кој пол е
Името Метузалем го добила по библискиот лик Меузалем кој според Библијата живеел 969 години и бил дедо на Ное.
Рибата со неверојатно долг животен век се наоѓа во аквариумот во Сан Франциско, САД, и со своите 90 години виолозите (научници кои ја изучуваат биологијата на виталноста) ја сметаат за најстара риба на светот.
Името Метузалем го добила по библискиот лик Меузалем кој според Библијата живеел 969 години и бил дедо на Ное.
Должината и е 120 сантиметар, а тежи околу 18 килограми. Таа во аквариумот во музејот во Сан Франциско била донесена далечната 1938, а нејзиниот пол не е познат. Се смета дека е женка.
Нејзиниот чувар, биологот Алан Јан раскажува дека оваа риба е посебна на многу начини, а еден од нив е тоа што сака да се гали и ужива во друштво на луѓе.