7 ЛИЦА ИСЧЕЗНАА, 42.000 ЛУЃЕ ВО ОПАСНОСТ Катастрофални последици од уривањето на браната во Украина
Според првичните проценки се очекува да бидат поплавени околу 10.000 хектари обработливо земјиште во областа Херсон, а житните полиња ќе станат пустина.
Најмалку седум лица се водат за исчезнати откако водата од уништената брана ги поплави околните области, соопшти денеска ТАСС, цитирајќи го градоначалникот на Нова Каховка, Владимир Леонтиоев. Околу 42.000 луѓе се во опасност од поплави од двете страни на реката Днепар.
Уривањето на браната Нова Каховка на реката Дњепар ќе има и долгорочни катастрофални последици поради штетите на плодните житни полиња во јужна Украина. Украинското министерство за земјоделство соопшти дека според првичните проценки се очекува да бидат поплавени околу 10.000 хектари обработливо земјиште на северниот брег на реката во областа Херсон.

Се очекуваше поплавите да бидат многу поголеми на јужниот брег на реката, во регионот под руска окупација, се вели во соопштението на Министерствотo објавено на нивната веб-страница. Детални информации ќе бидат објавени во наредните денови кога министерството ќе има појасна слика за состојбата.
– Освен тоа, катастрофа ќе го наруши снабдувањето со вода за 31 систем за наводнување на полињата во регионите Дњепропетровск, Херсон и Запорожје. Уништувањето на хидроцентралата Каховка ќе значи дека полињата во јужна Украина би можеле да се претворат во пустини веќе следната година – предупредуваат од украинското Министерство за земјоделство.
Ќе бидат загрозени и резервите на вода за пиење во населените места. Дополнително, од Министерството за земјоделство велат дека очекуваат негативни последици и за рибарството.
A house seen floating down the Dnipro River after today’s flood caused by the destruction of Kakhovka Dam in southern Ukraine. pic.twitter.com/ZGz3T9t2mW
— Christopher Miller (@ChristopherJM) June 6, 2023
Нападот на браната Каховка е „огромна еколошка катастрофа“, изјави украински пратеник во Одеса, Олексеј Гончаренко.
Тој потсети дека повеќе од 150 тони моторно масло од хидроцентралата истекле во поплавените води.
– Последиците ќе траат со децении – изјави тој за Би-Би-Си Њуз.

Женевската конвенција забранува таргетирање брани во војна поради опасност за цивилите.
Браната беше уништена рано наутро во вторникот во јужниот дел на Украина, во областа Керсон, окупирана од Русија. Кремљ го обвинува Киев. Од друга страна, Украина и многу западни набљудувачи се убедени дека руските окупатори сами ја разнесоа браната, веројатно за да ja спречат планирана украинска контраофанзива.